Томе Петровски-Железарчето (, - , ) — железар од Битола кој активно ја помагал НОВ од 1941 година.
Животопис мини|Во заднина на споменикот е ѕидот со спомен-плочи Томе Петровски популарно викан Железарчето е роден 1913 година во Битола. По завршувањето на основното училиште, Томе работел како железар. Уште како младинец пред војната, Томе ги беше прифатил напредните идеи кои тогаш биле ширени во Битола. За време на окупацијата Томе Железарчето активно ја помагал НОБ заради што полицијата го уапсила и го затворила. Во затворот тој бил страшно мачен и злоставуван. По долгите измачувања на 7 април 1943 година бил убиен во затворот. За да го прикрие злосторството полицијата го фрлила телото на мртвиот Томе низ прозорецот на истражниот затвор сакајќи истото да го прикаже убиството како самоубиство.
Спомен-плоча со неговото име стои на ѕидот со спомен-плочи во Споменикот на политичките затвореници во Битола.
Поврзано Споменик на политичките затвореници (Битола)
Наводи
Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна