Слабишта () — река во Нестрамско, Егејска Македонија, лева притока на Стенска Река (Стенопотамос). Му припаѓа на сливот на реката Бистрица.

Опис Реката се образува од неколку потоци кои извираат од планината Гал’мбица, западно од Попов Врв (1.110 м). Тече во југоисточен правец и минува северно од сртот Ондрија, јужно од селото Чука, па северно од селото Радигоже, ја прима левата притока Сарандиница. На крајот се влева во Стенска Река, малку пред нејзиниот влив во Бистрица (тука наречена Белица).По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“

Во 1969 г. реката со указ е преименувана во Љанорема (Λιανόρεμα) при преименувањето на топонимите во општината Нестрам и во Агоно (Άγονο) при преименувањето на топонимите во тогашната општина Грлени.

Поврзано Нестрамкол

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Нестрам Категорија:Бистрички слив (егејски)