Белева Река или Беливо (, Ксиропотамос) — река во Костурско, Егејска Македонија, лева притока на Чернево (Циронга).По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“

Описание Реката извира во јужниот дел на планината Вич, источно од врвот Саргоница (1.382 м). Тече на југ и во месноста Мијалица прима лева притока, која исто така извира од Вич. Источно од Мокрени ја прима деесната притока Ројба (или Бости, во 1969 г. преименувана во Мелисорема), која доаѓа од Клисура. Потоа прави нагол завој на исток. Прима низа десни притоки кои извираат под врвовите Стена (944 м) и Цименто (906 м) на Вич, меѓу кои и реката Мокрена, како и низа леви кои извираат од Мурик. На крајот се влева во Чернево северно од Конуј под името Крива Река.

Поврзано Пополе

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Суровичево Категорија:Еордеја