Свети Ахил () — црква во селото Жупан, Населичко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е изградена во 1742 г. и е најстарата преостаната градба во селото. Сместена е на неговиот северен крај. Живописана е во 1774 г. со прекрасни фрески од зографите Константин Михаил и Михаил Михаил од епирското село Кионат. На запад има нартекс со два влеза. Забележителна е сцената на Страшниот суд во нартексот, на која се претставени царевите Александар Македонски, Кир Велики, Пор и Дариј III; истите ликови се претставени и на фреските во „Св. Ѓорѓи“ (XVI век) во Бањане, Скопско. Живописот се истакнува по своите бои и чувствителност. Од царските икони најстари се оние на Христос Седржител, Свети Димитриј и Свети Спиридон, изработени во 1767 г. Иконостасот од оревово дрво важи за ремек-дело на копаничарството. На него се претставени сцени од Стариот и Новиот завет. Техниката на мајсторите покажува силно влијание на западниот барок.
Со уникатната архитектура и фрески, во 1970 г. храмот е прогласен за споменик на културата од национално значење.
Фрески
Поврзано Шишанско-сачишка епархија
Наводи
Надворешни врски
Ахил, Жупан Ахил, Жупан Ахил, Жупан Категорија:Споменици на културата во Горуша (општина) Категорија:Појавено во 1742 година