Куќа на Петанови — стара куќа во градот Охрид прогласена за културно наследство на Македонија.
Историја Куќата се наоѓа во населбата Центар, на ул. „Димитар Влахов“ бр. 35. Изградена е во 1929 година од непознати мајстори.
Архитектура Градбата е прва во низата од три исти куќи со неоренесанса и необарокна архитектура. Се состои од подрум, приземје и кат. Изградена е масивно, при што темелите и сутеренот се камени, а приземјето и катот се од полни тули. Меѓукатната и покривната конструкциja се дрвени. Куќата има хоризонтална симетрија, хармонично распоредени прозорски отвори и други украси во стил класичниот академизам. Прозорците се со профилирани рамки, имаат вертикални пиластри и хоризонтални профилирани венци.
Поврзано Куќа на Хаџиеви Културно наследство на Македонија во Општина Охрид
Наводи
Петанови Категорија:Појавено во 1929 година во Македонија