Тур де Свис 2021 (познато и како: Трка околу Швајцарија 2021) — 84. издание на велосипедската етапна трка Тур де Свис, која се одржала помеѓу 6 и 13 јуни како дваесетти настан во сезоната на Светската турнеја.

Екипи

Бидејќи Тур де Свис е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Воедно, три професионални континентални екипи настапиле, како и националната екипа на Швајцарија, со што главната група имала 23 екипи. Секоја екипа настапила со по седум возачи, со што вкупно имало 161 возач на почетокот на трката. Пред четвртата етапа, се повлекле од трката откако член на екипата бил тестиран позитивен на КОВИД-19. На крајот, 124 ја завршиле трката.

Рута

Рутата во 2021 година во голема мерка била истата со онаа што првично била планирана за изданието во 2020 година, кое било откажано поради пандемијата на КОВИД-19 во Швајцарија.

Етапи Етапа 1

Етапа 2

Етапа 3

Етапа 4

Етапа 5

Етапа 6

Етапа 7

Етапа 8

Завршен поредок

Поредок

+ Водство во пласмани по етапа Етапа Победник Генерален пласман25п Спринтерски пласман25п Планински пласман25п Пласман за млад возач Екипен пласман Награда за најактивен возач25п 1 Штефан Кинг Штефан Кинг Штефан Кинг недоделена Штефан Бисегер Штефан Кинг 2 Матје ван дер Пул Том Боли Нилсон Паулес Клаудио Имхоф 3 Матје ван дер Пул Матје ван дер Пул Матје ван дер Пул Николас Зуковски Реми Рошас 4 Штефан Бисегер Бенжамин Тома 5 Ричард Карапас Ричард Карапас Естебан Чавес Лукас Хамилтон Херман Пернштајнер 6 Андреас Крон Штефан Бисегер Антонио Нибали Андреас Лекнесунд Давид де ла Крус 7 Ригоберто Уран Ригоберто Уран 8 Џино Медер Мајкл Вудс Еди Данбар Џино Медер На крај Ричард Карапас Штефан Бисегер Мајкл Вудс Еди Данбар недоделена

На втората етапа, Матија Катанео, кој бил трет во бодовниот пласман, ја носел црната маичка, бидејќи првопласираниот Штефан Кинг ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман, а второпласираниот Штефан Бисегер ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач. На третата етапа, Матје ван дер Пул, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел црната маичка, бидејќи првопласираниот Штефан Кинг ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман. На четвртата етапа, Штефан Кинг, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел црната маичка, бидејќи првопласираниот Матје ван дер Пул ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласмна. Од истата причина, Штефан Бисегер ја носел црната маичка на петтата етапа. Пред шестата етапа, Матје ван дер Пул, кој го предводел бодовниот пласман, и Лукас Хамилтон, кој го предводел пласманот за млад возач, ја напуштиле трката поради болест. Поради тоа, на шестата етапа, Штефан Бисегер, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел црната маичка, додека Еди Данбар, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка.

Наводи

Извори

Надворешни врски

Категорија:Тур де Свис Категорија:Светска турнеја на UCI 2021 Категорија:Швајцарија во 2021 година