Куќа на Стружанови — стара куќа во Охрид, претставник на староградската архитектура и прогласена е за значајно културно наследство на Македонија под називот Куќа на ул. „Цар Самоил“ бр. 30.
Местоположба мини|лево|220п|Северната кула на Долната порта со куќата зад неа. Куќата е сместена во стариот дел на градот, на улица „Цар Самоил“ бр. 30. На источната страна е потпрена на Северната кула на Долната порта, а на запад граничи со Куќата на Ајри Доко.
Историја Изградена е во 1855 година и прв сопственик бил Никола Кокин. Подоцна станала сопственост на Јонче Стружан. Познато е дека извесно време куќата била во сопственост на Турци; за ова говорат дрвените капаци (мушараби) на прозорците, единствени во Охрид, отстранети во 1992 година.
Приземјето е претворено во национален ресторан.
Архитектура мини|лево|220п|Катовите на градбата. Градбата се состои од приземје, мезанин и два ката. Високото приземје имало стопанска функција, а експонираните катови биле станбени површини. Куќата е делумно вкопана во кулата. Приземјето е камено, а катовите се бондручни. Внатрешноста е богата, со многубројни тавани, чичеклаци, долапи, украсни ниши итн. Од првиот кат се излегува на дворот, кој граничи со кулата, дел од бедемот и завршува со друга аголна кула и со напречен ѕид кој оди од аголната кула во правец запад - исток. Во дворот имало домашен амам — втор пример во градот, заедно со оној во Куќата на Робевци. Амамот подоцна е претворен во станбен простор.
Галерија
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид
Наводи
Стружанови Стружанови Категорија:Појавено во 1855 година