Екса- — претставка во метричкиот систем што означува 1018 или поголема од основната единица. Додадена е како SI-претставка на Меѓународниот систем на единици (SI) во 1975 година, и симболот на единицата е E.
Екса доаѓа од старогрчкиот héx, се користи како префикс hexá-, што значи шест, бидејќи е еднакво на 10006.
Примери:
Вкупниот складиштен простор што му бил потребен на Gmail од април 2012 година, не земајќи ги предвид резервните копии и компресијата, е повеќе од еден ексабајт (10.240 мегабајти простор по корисник помножен со околу 260 милиони корисници) 1 EeV = 10 18 електронволти = 0,1602 џул Потрошувачката на електрична енергија во САД е околу 15 ексаџули годишно 1 ексасекунда е приближно 32 милијарди години 0,43 Es ≈ приближната старост на универзумот 1 ексаметар е приближно 110 светлосни години 1,6 Em е 172 ± 12,5 светлосни години - пречникот на Омега Кентаур (едно од најголемите познати топчести јата, можеби содржи над милион ѕвезди)distance × sin( diameter_angle ), using distance of 5 kpc (15.8 ± 1.1 kly) and angle 36.3', = 172 ± 12.5 ly. 150 ексахаша/с е пресметковна стапка на биткоин мрежата ≈ хаша во секунда од јануари 2021 година 1,5 exaFLOPS е пресметковната изведба на претстојниот суперкомпјутер „Frontier“ изграден од AMD и Cray for Oak Ridge National Laboratory
Поврзано Бинарна претставка Ексабајт Редови на големина (должина) Метричка претставка Редови на големина (броеви) Редови на големина (време)
Наводи
Надворешни врски BIPM website Exa Corporation Exa Proxy Test
Категорија:SI-претставки Категорија:Грцизми Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ