Калница — населба и некропола од доцноантичкото време во атарот на селото Ваташа, Македонија. Над источниот раб на селото, во нивите на П. Манев, Ѓ. Трајков и Р. Дончев се среќаваат фрагменти од керамички садови и многу градежен материјал (тегули и имбрекси). Откриена е надгробна стела со грчки натпис и питос кој се чува во дворот на Ј. Ристов.

Поврзано Амидеја — населба од железно време; Грнеица — доцноантичка населба; Паракелова Глава — некропола од римско време; Сува Чешма — доцноантичка населба; Чоралица — доцноантичка населба и некропола; Ваташа; Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко.

Наводи

Категорија:Ваташа