Чоралица — населба и некропола од доцноантичкото време во атарот на селото Ваташа, Македонија. Во непосредната близина на селото, од левата страна на патот за селото Моклиште се гледаат грамади од градежен камен, тегули и имбрекси, а спорадично и фрагменти од керамички садови. Во горниот дел на наоѓалиштето се откриени гробови од камени плочи - тип циста.

Поврзано Амидеја — населба од железно време; Грнеица — доцноантичка населба; Калница — доцноантичка населба и некропола; Паракелова Глава — некропола од римско време; Сува Чешма — доцноантичка населба; Ваташа; Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко.

Наводи

Категорија:Ваташа