Освоени медали Фудбал Европско првенство до 21 г. <span class="nowrap">2004 година, Германија Србија и Црна Гора 2007 година, Холандија Србија 200px|мини|Бошко Јанковиќ во дресот на Џенова, 2009 година Бошко Јанковиќ (Белград, 1 март 1984) бил поранешен српски фудбалер. Играл на позицијата како офанзивен играч за врска.
Клупска кариера
Црвена ѕвезда Бошко Јанковиќ ги поминал сите младински категории во екипата на Црвена ѕвезда. Својот прв натпревар за тимот го одиграл во сезоната 2002/03 додека тренер бил Зоран Филиповиќ. Во таа сезона постигнал три гола на вкупно14 натпревари во првенството. Најчесто настапите му биле како резервен играч од клупата. Првиот гол како првотимец го постигнал на натпреварот од осминафиналето на Купот против составот на Раднички од Пирот во победата од 4:0. Во наредната сезона 2003/04 тој ја имал освоено двојната круна. Одиграл четири натпревари во првенството и два во Купот. Поголемиот дел од сезоната ја поминал играјќи со двојна регистрација и со составот на Јединство од Уб.
Бошко Јанковиќ по враќањето од позајмицата во сезоната 2004/05 станал стандарден првотимец. Тој го привлекол вниманието кон себе во квалификациите за Лигата на шампионите, кога постигнал гол во победата од 3:2 против холандскиот тим на ПСВ. Тој натпревар се одиграл во Белград. Црвена ѕвезда на возвратниот натпревар претрпела тежок пораз (0:5) во Ајндховен и пропуштила уште една шанса да се квалификува во групната фаза од елитното натпреварување. Таа сезона Јанковиќ одиграл вкупно 38 натпреварувачки натпревари и постигнал 11 голови.
Јанковиќ бил меѓу носителите на играта во сезоната 2005/06, кога била освоена двојната круна. Тој заедно со соиграчот Никола Жигиќ биле најефикасните играчи на клубот во првенството со по 12 гола. Црвено-белите стигнале до шампионската титула, додека Купот го освоиле по пресвртот во финалето против составот на ОФК Белград од 0:2 до 4:2.
Јанковиќ ја започнал сезоната 2006/07 во екипата на Црвена ѕвезда. Настапувал во првите две кола во Српската Суперлига, како и во квалификациите за Лигата на шампионите против екипите на Корк Сити и Милан. Откако црвено-белите биле елиминирани во дуелот со клубот на Милан, Јанковиќ преминал во составот на Мајорка.
Меѓународна кариера На крајот на месец август 2006 година, Јанковиќ потпишал петгодишен договор со составот на Мајорка. На почетокот на март 2007 година, на натпревар против составот на Леванте, Јанковиќ го постигнал 10от гол во сезоната. За да ја достигне таа бројка му биле потребни 1609 минути поминати во игра, со што го соборил клупскиот рекорд кој дотогаш го држел камерунецот Самјуел Ето. Во сезоната 2006/07 Јанковиќ на 28 натпревари постигнал вкупно девет гола во дресот на Мајорка во Примера, но и два гола во натпреварувањето од Купот.
На крајот на месец јуни 2007 година, тој потпишал петгодишен договор со составот на Палермо. Првиот гол во новиот клуб на Палермо го постигнал на 20 септември 2007 година против екипата на Млада Болеслав во Купот на УЕФА. Сепак, за разлика од времето поминато во екипата на Мајорка, Јанковиќ во дресот на Палермо бил помалку ефикасен. За Палермо постигнал два гола на вкупно 26 натпревари во Серија А. Првиот гол го постигнал во 23 коло против составот на Каљари, а вториот во последното, 38 коло, против екипата на Сиена. Тој ја започнал и сезоната 2008/09 во екипата на Палермо. Настапил во првото коло од Серија А, но потоа на 1 септември 2008 година заминал како позајмен играч за време од една година во составот на Џенова.
Тој во екипата на Џенова бил од сезоната 2008/09. На 25 одиграни натпревари во Серија А, постигнал четири гола. Џенова во текот на летото 2009 година користела клаузула (додаток, анекс) во договорот врз основа на која може да го откупи претходниот договор на Јанковиќ од Палермо по истекот на периодот во кој настапува како позајмен играч. Во август 2009 година, за време на подготовките со составот на Џенова, Јанковиќ доживеал тешка повреда на лигаментите на коленото, што довело до долга пауза. Се вратил на теренот дури во месец февруари 2010 година, кога настапил на првенствениот натпревар против составот на Удинезе. По тој натпревар Јанковиќ настапил во наредните две првенствени кола, по кои повторно се повредил. Иако првично се мислело дека станува збор за полесна повреда, подоцнежните прегледи покажале дека првата операција не била целосно успешна и дека е потребна нова операција на повредениот менискус. По операцијата, Јанковиќ повторно заминал на подолга пауза, поради што го пропуштил Светското првенство во 2010 година, како и добар дел од есенскиот дел од сезоната 2010/11.
Бошко Јанковиќ повторно се вратил на терените во месец ноември 2010 година, кога насатапил за младинскиот тим на екипата на Џенова, а подоцна и за првиот тим во куп-натпреварот против екипата на Виченца. Во месец јануари 2011 година настапил и во првенствениот натпревар со екипата на Лацио. Таа сезона имал одиграно вкупно шест првенствени натпревари. Наредната 2011/12 сезона ја одиграл без повреди, и остварил 30 првенствени настапи, со шест постигнати голови. Тој настапувал и во сезоната 2012/13 за составот на Џенова, при што во одреден период ја носел и капитенската лента.
Во месец јули 2013 година, Јанковиќ потпишал двегодишен договор со екипата на Верона, која била повратник во најелетната Серија А. По две сезони со клубот, тој потпишал нов договор со Верона, а во текот на летото 2016 година го раскинал договорот со овој клуб.
Репрезентација десно|мини|240x240пкс| Бошко Јанковиќ, трет од лево, во дресот на српската репрезентација, 2008 година Јанковиќ со младата репрезентација најпрво на Србија и Црна Гора, а подоцна и на Србија настапил на три европски првенства. Првото Европско првенство го играл со селекторот Владимир Петровиќ Пижон во 2004 година во Германија, каде селекцијата на Србија и Црна Гора била поразена во финалето од составот на Италија. Потоа настапил во 2006 година, со тренерот Драган Окука, на првенството во Украина, каде репрезентацијата била поразена во полуфиналето од репрезенатацијата на Украина. Третото Европско првенство, овојпат под знамето на независна Србија, Јанковиќ го играл со селекторот Мирослав Ѓукиќ во 2007 година во Холандија. Младата репрезентација на ова првенство стигнала до финалето каде била поразена од домаќинот Холандија.
За сениорската репрезентација на Србија одиграл 31 натпревар и постигнал пет гола. Својот прв натпревар за сениорскиот тим го имал на 15 ноември 2006 година против составот на Норвешка (1:1) во Белград, а својот прв гол го постигнал на натпреварот против репрезентацијата на Португалија на 28 март 2007 година во квалификациите за Европското првенство 2008 година. Јанковиќ го пропуштил Светското првенство во Јужна Африка 2010 година поради повреда. Последен пат за српската репрезентација настапил на 31 мај 2012 година во Ремс на пријателскиот натпревар против составот на Франција (0:2).
Статистика
Клупска статистика КлубСезонаЛигаКуп натпревариЕвропски натпревариВкупноНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиЦрвена ѕвезда2002/0314311001542003/04402010702004/05289416138112005/062612207135132006/0720004060Вкупно74249218210128Јединство Уб (како позајмен играч)2003/042821—2821Мајорка2006/0728942—3211Палермо2007/0826220213032008/091000—10Вкупно2722021313Џенова2008/0925410—2642009/103000—302010/116010—702011/1230610—3162012/1319410—204Вкупно831440—8714Верона2013/1418210—1922014/1518110—1912015/1615131—182Вкупно51451—565Вкупно во кариерата2635324520330761
Статистика за репрезентација Србија Години Натпревари Голови 2006 година 1 0 2007 година 9 3 2008 година 9 1 2009 година 5 1 2010 година 1 0 2011 година 3 0 2012 година 3 0 Вкупно 31 5
Голови за репрезентацијата # Дата Место Противник Голови на играчот Вкупен резултат Тип на натпревар 1. 28 март 2007 година Стадион на Црвена ѕвезда, БелградПортугалија 1:1 1:1 Квалификации за ЕП 2008 година 2. 2 јуни 2007 г Олимписки стадион Хелсинки, Хелсинки 0:1 0:2 Квалификации за ЕП 2008 година 3. 17 октомври 2007 година Стадион Тофик Бахрамов, Баку 1:3 1:6 Квалификации за ЕП 2008 година 4. 31 мај 2008 г Велтинс Арена, ГелзенкирхенГерманија 0:1 2:1 Пријателски 5. 1 април 2009 година Стадион на Партизан, Белград 2:0 2:0 Пријателски
Трофеи
Црвена ѕвезда Овоено е првенството на Србија и Црна Гора: 2003/04, 2005/06. Освоен е Купот на Србија и Црна Гора: 2003/04, 2005/06.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери на ФК Верона Категорија:Фудбалери на ФК Џенова Категорија:Фудбалери на ФК Мајорка Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Српски фудбалери Категорија:Родени во 1984 година