мини|Небојша Јеленковиќ за Литекс Ловеч во 2012 година Небојша Јеленковиќ (роден на 26 мај 1978 година) бил поранешен српски професионален фудбалер кој играл на позицијата дефанзивен играч за врска.
Тој имал одиграно повеќе од 290 домашни натпревари со составот на Литекс од Ловеч и го држел второто место на домашни натпревари одиграни од еден странец во бугарската А лига. Тој бил првиот странец кој станал капитен на бугарска екипа. Во 2004 година добил и бугарски пасош.
Кариера
Во Србија Јеленковиќ ја започнал својата кариера во родниот град Нови Сад. Во летото 1998 година, потпишал со екипата и првак на СР Југославија од минатата сезона шампионот Обилиќ.
Литекс Ловеч Во 1999 година Јеленковиќ се преселил во Литекс од Ловеч. Својот прв настап за Литекс го имал на 28 јули 1999 година во квалификацискиот натпревар за Лигата на шампионите против составот на Виѓев Лоѓ. Неговиот прв натпревар во лигата се случил на 8 август, во поразот на клубот на Литекс со 1:0 против составот на Славија од Софија на првиот ден од сезоната 1999-00. На 20 ноември 1999 година, Небојша ги постигнал своите први голови, постигнувајќи двапати во победата од 3:1 на гостински терен против составот на Велбажд Ќустендил. Последениот гол во сезоната го постигнал на 1 април 2000 година во победата со 6:0 на домашен терен над екипата на Волов Шумен.
На 29 август 2002 година, Јеленковиќ го постигнал својот прв европски гол во историјата на клубот во гостинската победа со 3:1 над литванскиот состав на Атлантас Клаипеда. Тоа бил возвратен натпревар од квалификациите за Купот на УЕФА 2002-03. Три седмици подоцна, тој постигнал автогол во поразот на домашен терен со 1:0 против екипата на Панатинаикос во првото коло од Купот на УЕФА.
Во 2006 година, Јеленковиќ бил предмет на следење на тогашниот бугарски селектор Христо Стоичков како потенцијален кандидат за Фудбалската репрезентација на Бугарија, но на крајот не ги исполнил критериумите за подобност, бидејќи се појавил на натпревари за У-21 на селекцијата на СР Југославија. Истата година клубот на ЦСКА Софија направила напор да ги обезбеди услугите на српскиот играч од средниот ред.
На 30 август 2007 година, екипата на Кубањ од Краснодар потврдила дека Јеленковиќ се приклучил како позајмен играч во траење од три месеци. Поголемиот дел од времето во екипата на Кубањ го минал на клупата, а одиграл само три натпревари во Руската Премиер лига. Во месец декември Јеленковиќ се вратил во составот на Литекс и одиграл 12 натпревари во бугарската А ПФГ лига, постигнувајќи еден гол и тоа до крајот на сезоната.
Спартак Трнава На крајот на сезоната 2007-08 неговиот договор истекол и Јеленковиќ потпишал со составот на Спартак од Трнава. Договорот бил со важност од една година за сезоната 2008-09. Одиграл 27 натпревари играјќи во Коргоњската лига. Постигнал еден гол, а тимот завршил на третото место.
Враќање во Литекс од Ловеч На 12 јуни 2009 година, Јеленковиќ повторно се вратил во екипата на Литекс од Ловеч. Тогаш потпишал договор за подолг период. На 12 март 2011 година, тој го одиграл својот 250-ти натпревар за составот на Литекс во бугарската А ПФГ лига. На тој натпревар неговиот тим го победил составот на Пирин од Благоевград со резултат од 2:1. Јеленковиќ го најавил своето пензионирање на крајот на сезоната 2012-13. Тој настапил на 293 настапи во А ПФГ лигата и го заземал второто место на вечната листа на настапи помеѓу странските играчи во првата лига на бугарскиот фудбал (по Македонецот Ванчо Трајанов).
Статистика во кариерата КлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариЕвропски натпревариВкупноНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиЛитекс од Ловеч1999–0022330202732000–0121050––2602001–0231020804102002–0323060413312003–0425082203522004–0528020403402005–06261201003812006–0722151613332007–0820002040Вкупно200533338227110Кубањ од Краснодар20072000––20Вкупно20000020Литекс од Ловеч2007–0814130––171Вкупно1413000171Спартак од Трнава2008–0927120291Вкупно27120291Литекс од Ловеч2009–1024130202912010–1122030613112011–1220020302502012–1313020––150Вкупно7911001111002Вкупно во кариерата322846351341614
Награди
Литекс Ловеч Освоена е Бугарската A ПФГ лига 2009–10, 2010–11 Освоен е Суперкупот на Бугарија во 2010 година 3 пати е освоен Купот на Бугарија: 2001, 2004 и 2008 година
Наводи
Надворешни врски Профил на тимот на ФК Обилиќ
Категорија:Фудбалери на ФК Кубањ Краснодар Категорија:Фудбалери на ПФК Литекс (Ловеч) Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1978 година