Свети Архангел Михаил — мала селска црква во гостиварското село Куново, Македонија.

Местоположба

Сместена е во месноста Мартинец, на околу еден километар над селото и надморска височина од преку 1.000 метри.

Во местото има чешма со природна изворска вода како и маса со столови за излетници.

Историја

Црквата е изградена во XVIII век врз урнатини на постар храм, за што сведочи олтарниот крст. Покривната конструкција на храмот е обновена во 2008 година.

Галерија

Поврзано Гостиварско архијерејско намесништво Гостиварска парохија Куново

Наводи

Надворешни врски

Куново Категорија:Куново (Гостиварско)