Надја Петровиќ (р. во Битола) — македонска академска сликарка од домашно и меѓународно значење која живее и работи во Скопје и во Фиренца.

Образование Петровиќ е родена во Битола. Уште во пораната младост учествувала на Малиот битолски Монмартр, каде ја освоила Плакетата „Македонија“. Почнала да освојува разни признанија во странство, освојувајќи медали и награди во Бугарија, Португалија и Кина во периодот од 2002 до 2003 г. Средното образование го завршила во гимназијата „Таки Даскало“ во Битола, по што во 2009 г. посетувала неколку курсеви на Централниот колеџ „Св. Мартин“ во Лондон. Во 2010 г. го продолжила образованието на Академијата за ликовни уметности во Фиренца (Accademia di Belle Arti di Firenze), дипломирајќи во 2013 г. на отсекот за сликарство и цртање. Во 2017 г. магистрирала при Одделот за визуелна уметност и нови јазични изразувања на истата академија. „Човекот како главен елемент во делата“, Слободен печат, година XI, број 2811, сабота-недела, 25-26 март 2023, стр. 15. Истата година ја посетувала и Европската економска школа во Фиренца, каде го завршила образованието за управување во уметноста и културата.

Работа и стил Петровиќ твори дела од фигуративната уметност со големи размери, кои сепак вклучуваат и елементи на апстракција, симболично значење, како и елементи на концептуалност. Според признанието на авторката, главната тема во нејзините дела е човекот и неговите состојби како резултат на неговото дејствување.„Човекот како главен елемент во делата“, Слободен печат, година XI, број 2811, сабота-недела, 25-26 март 2023, стр. 15.

Дела Надја Петровиќ има изработено голем број на дела, групирани во серии. Некои од нив се следниве:

„Под кожата“ (Under the Skin) — серија од 2016 г. „Звукот на тишината“ (Sound of Silence) — серија од 2017 г. „Привид на стварност“ (Illusion of Reality) — серија од 2018 г.

Одржани изложби Групни Музеј на американската уметност „Бигс“ во Довер, Делавер, САД (2019) Придружен настан при Венецијанското биенале (2019) „Галерија МЦ“, Њујорк (2019) „Арт Сан Диего“, Сан Диего (2018) „Арт бокс Њујорк“, Њујорк (2018) Изложбено-собирен центар „Месе“, Виена (2018) Ликовна галерија „Брик лејн“, Лондон (2017)

Самостојни „Под кожата“ (НЛБ Галерија, Скопје, 2017) „Кршливоста на светулките“ (Музеј на град Скопје, 15-30 март 2023)„Човекот како главен елемент во делата“, Слободен печат, година XI, број 2811, сабота-недела, 25-26 март 2023, стр. 15.

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место на Надја Петровиќ Профил на Инстаграм Интервју со Надја Петровиќ за Женски Магазин, 9 септември 2019 г. Уметничка соработка на Петровиќ со Браќата Тавитјан како претставници на „Зилџан“ и гитаристот Френк Гамбале

Категорија:Македонски сликари Категорија:Италијански сликари Категорија:Луѓе од Битола