Св. Великомаченик Ѓорѓи — црква во градот Ресен, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Ресенско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Во црквата има две римски надгробни плочи од мермер. Едната е вградена во подот со натписот нагоре, а другата е во западниот ѕид однадвор. Таа стела има две полиња, на кои релјефно се претставени бисти на маж и жена. Плочите ое селото Козјак.

„Свети Ѓорѓи“ долго време била единствената црква во Ресен. Во 1844, 1846 и 1848 година во неа работеле истакнатите зографи Михаил Анагност и син му Никола Михајлов.

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович напишал во „Очерк путешествия по Европейской Турции“:

Во 1872 г. со создавањето на Бугарската егзархија започнале жестоки борби помеѓу бугарската и грчката пропаганда. Така, во 1894 г. егзархиската општина ја изградила втората црква во градот — „Св. Кирил и Методиј“, додека „Св. Ѓорѓи“ продолжила да работи под врховенството на Цариградската патријаршија.

Во 2012 г. градските власти решиле да постават часовник на камбанаријата на „Св. Ѓорѓи“. Ова бил потег за конечно враќање на градскиот часовник по уништувањето на старата Саат-кула во градот.

Слики

Поврзано Прва ресенска парохија Ресенско архијерејско намесништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Цркви во Ресен Ресен