Св. Тома — црква во демирхисарското село Граиште, главен храм на Граиштанскиот манастир (наречен и Шути манастир). Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Манастирот и црквата се сместени југоисточно од Граиште и југозападно од Вардино. Манастирот е граден во доцниот среден век, но уништен во XVIII век. Возобновен е во 2002 г. врз темелите на стариот храм.
Од натпис на фрагмент од службен минеј за месец септември од XVI век од манастирската библиотека дознаваме дека книжевникот Спиридон учел, живеел и творел во манастирот кон крајот на XVI и почетокот на XVII век.
Црквата е релативно голема, триконхална, со нартекс и две куполи. Изѕидана е од кршен камен со малтер. По нејзиниот облик се смета дека старата црква била меѓу најстарите манастирски цркви во Демирхисарско (Железник), и познато е дела била градена е во XV - XVI век. Царските двери од храмот се пренесени во црквата „Рождество на пресв. Богородица“ во Бучин.
Поврзано Слепчанска парохија Крушевско-демирхисарско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Граиште Категорија:Манастири во Крушевско-демирхисарската епархија