Свети Ѓорѓи — главна селска црква во крушевското село Пресил, Македонија.
Црквата се наоѓа на мало возвишение над селото во рамки на археолошкото наоѓалиште „Св. Богородица“.
Местоположба
Црквата е сместена во јужниот дел на селото Пресил, на мало возвишение.
Историја
Црквата е подигната на темелите на постарата истоимена црква, која тука постоела, кога во селото живеело само македонско население.
Во 1961 година биле вршени археолошки истражувања на археолошкото наоѓалиште „Св. Богородица“, при што се најдени остатоци од црква од типот на впишан крст, веројатно од век, која лежи врз постари темели. Под подот на црквата и околу неа се ископани 21 гроб, оградени и покриени со камени плочи. Најдените материјали потекнуваат од средниот век до век, до кога се вршело погребување на овој терен.
Галерија
Поврзано Крушевско-демирхисарско архијерејско намесништво Бучинска парохија Пресил
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Пресил Пресил