Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во крушевското село Бучин, Македонија.

Црквата се наоѓа на самото сретсело, во непосредна близина на основното училиште. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба

Црквата е сместена во Горно Маало на селото Бучин.

Историја

Црквата е подигната кон крајот на век.

Архитектура

Црквата поседува живопис и иконостас, на кои во 1876 година имаат работено крушевските мајстори Анастас Зограф и Никола Михајлов.

Фрескоживопис

Никола Михајлов има работено на ѕидното сликарство на претставите Раѓање на Богородица (во патронската ниша на западната фасада) и на Исус Христос (над јужниот влез). Според теренските истражувања на Ј. Тричковска, доминантното учество на Никола во оваа црква е во живописувањето на олтарскиот простор, каде што во конхата на жртвеникот е реализирано мошне невообичаено решение со сместувањето на Тајната вечера покрај Погребението Христово. Во останатиот дел од храмот, рамноправно учествувал и неговиот соработник, што може да се заклучи од натписот сочуван над влезната врата.

Галерија

Поврзано Крушевско-демирхисарско архијерејско намесништво Бучинска парохија Бучин

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Бучин Бучин