Бучински манастир — манастир во јужниот дел на Македонија, во близина на селото Бучин.
Местоположба
Манастирот се наоѓа во месноста Манастириште, сместен 2 километри северозападно од селото, на една падина. Покрај манастирот се наоѓала чешмата Јанкоец. До него може да се дојде по земјен пат, кој е во добра состојба.
Историја
Сеќавањата на мештаните се дека манастирот првично бил подигнат кон крајот на век, но трипати бил пален од турскиот аскер и исто толку пати бил повторно обновуван. Последниот пат бил запален до темел.
Манастирот бил обновен на иницијатива на дедо Јонче Мишески врз изгорени темели, обраснати со трева и капини. Дедо Јонче на сон го видел местото каде порано имало манастир, а потоа во 1980-тите години ја иницирал повторната градба на манастирот, за кој собирал пари за изградба по околните села.
Во мај 2021 година дел од покривот на манастирската црква бил украден, а воедно биле искршени сите врати од конаците.
Градби
Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак, чешма и помошни објекти.
Црква „Св. Ѓорѓи“
Црквата е единствениот храм во манастирот.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Бучин Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија
