Тиза Мафира (индонезиски: Tiza Mafira) е индонезиска активистка за животна средина. Таа била иницијатор за плаќање на пластични кеси, задолжителна законска мерка, во маркетите во Индинезија, и индонезиското движење „конзумирање на пластични кеси“ за да се зајакне свеста кај луѓето за штетните последици од кесите за еднократна употреба.

Образование Таа има завршено правен факултет во Универзитетот на Индонезија, каде била насочена кон меѓународното право. После тоа, таа учела на постдипломски студии на Универзитетот во Харвард.

Кариера Мафира работела како корпоративен адвокат шест години во адвокатската канцеларија Макарим и Таира во областа на правото за природни ресурси и шумарство, пред да се префрли на политиката за животна средина.

Таа се приклучи на Иницијативата за климатска политика во 2014 година како помошен директор, со седиште во Индонезија. Таа е и извршен директор на кампањата за користење со пластична кеса во Индонезија.

Мафира стана една од петте еколошки активисти од пет земји (Индонезија, Индија, Обединетото Кралство, Тајланд и Соединетите Држави) кои ја добиле наградата Океански херои од Програмата за животна средина на Обединетите нации на 8 јуни 2018 година.

Наводи

Надворешни врски Мафира на Инстаграм

Категорија:Активисти од Индонезија Категорија:Еколози