Аденике Титилопе Оладосу (англиски и јорупски: Adenike Titilope Oladosu, 1994) — нигериски активист за климатски промени, феминист и иницијатор на нигериското движење „Петоци за иднината“.

Таа била една од првите три млади црни активисти на Африка кои се обидуваат за борба против климатските промени.

Детство и образование Оладосу е од Огбомошо во Ојо. Таа се стекнала со основното образование во Абуџа, и продолжила на Земјоделскиот Универзитет во Маркурди, каде студирала земјоделска економија.

Активизам Оладосу започнака да организира климатски активизам откако започнака со универзитет. Таа видела дека земјоделците и сточарите се лути затоа што нивната земја станувала сè посушна, а другите заедници кои никогаш не се соочиле со поплави ги зазеле нивните обработливи површини. Специјалниот извештај за глобалното затоплување од 1,5 °C извештајот на IPCC ја навело да се приклучи на движењето „Петок за иднината“. Таа почнала да се залага помеѓу заедниците, училиштата и јавните места да зборува со луѓето за климатската криза. Таа ги поттикнала да садат дрвја и да ги едуцираат своите врсници.

Во 2019 година, Оладосу била добитник на наградата Амбасадор на совеста од Амнести Интернешнл на Нигерија и таа зборувала со светските лидери на младинскиот самит на ОН за климата.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Јоруби Категорија:Активисти од Нигерија Категорија:Еколози Категорија:Родени во 1994 година