Успение на Пресвета Богородица (или само Св. Богородица) — православна црква во градот Делчево, претставник на Македонската преродба. Претставува главен храм на Делчевско-каменичка епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е изградена во средината на XIX век. Точни податоци нема, но годината 1858 врежана на надворешниот столб се зема како година на изградба. Во својот труд „Пијанечка Република“, Благој Стоичовски вели дека изградбата завршила во 1856 г.

Храмот е трикорабна базилика, без фрескоживопис. Иконите се дело на истакнатите зографи Димитар Андонов Папрадишки, Григориј Пецанов и други автори. Иконата „Успение на Пресвета Богородица“ е дело на мајсторот Димитар Анастасов од Магарево, датирана во 1858 г.Грчкиот натпис гласи: „Δία χειρος Δημητιριου Ζωγραφου εν Μεγαροβο τω Βιτωλιων 1858 Ζεμώτκω 20“. Негови се и голем дел од иконостасните икони. Иако облиците се прекумерно стилизирани, тие се претставени со високо уметничко чувство, благодарејќи на умешноста на творецот. Иконостасот направен од дрво. Во 1904 г. северниот ѕид на црквата е срушен во земјотрес. Подоцна црквата е обновена.

Прво училиште во Делчево Во црковниот двор е зачувана зградата во која е отворено првото училиште во Делчево (тогаш Царево Село).

Слики

Поврзано Брегалничка епархија Делчевско архијерејско намесништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Цркви во Делчево Делчево