мини|300x300пкс| Набљудување на остаточниот прстен околу Фомалхаут од вселенскиот телескоп Хабл . Внатрешниот раб на дискот можеби бил обликуван од орбитата на Формалхаут б, (долу десно). Остаточен диск е околуѕвезден диск од прашина и отпадоци кој кружи околу некоја ѕвезда. Понекогаш овие дискови имаат јасни прстени, како што е прикажано на сликата од Фомалхаут. Остаточни дискови можат да се најдат околу ѕвезди со зрел планетарен систем, а барем еден остаточен диск кружи околу развиена неутронска ѕвезда. Остаточен диск, исто така, може да се создаде од остатоците од судири меѓу планетезималите, познати и како астероиди и комети.
До 2001 година, биле откриени повеќе од 900 ѕвезди кои може да имаат остаточен диск. Тие најчесто се откриваат со испитување на ѕвездениот систем со инфрацрвена светлина и барање на вишок на зрачење од она што го емитува ѕвездата. Овој вишок се претпоставува дека е зрачењето од ѕвездата што е апсорбирана од прашината во дискот, а потоа тој го зрачи како инфрацрвена енергија.
Остаточните дискови често се опишуваат како поголеми пандани на остатоците во Сончевиот Систем. Повеќето остаточни дискови познати на науката имаат полупречник од 10 до100 астрономски единици (AЕ); и потсеќаат на Кајперовиот Појас во Сончевиот Систем, иако Кајперовиот Појас нема доволно голема маса од прашина за да би бил откриен дури и ако би се наоѓал околу најблиските ѕвезди. Некои остаточни дискови се составени од дел од потопла прашина која се наоѓа на растојание од 10 AЕ од матичната ѕвезда. Оваа прашина понекогаш се нарекува вонзодијачка прашина по аналогија на зодијачката прашина во Сончевиот Систем.
Историја на набљудување мини| Снимки од ВЛТ и Хабл од дискот околу АУ Микроскопии . Во 1984 година бил откриен остаточен диск околу ѕвездата Вега со помош на ИРАС сателитот. На почетокот се мислело дека ова е протопланетарен диск, но сега се знае дека тоа е остаточен диск поради недостигот на гас во дискот и староста на ѕвездата. Првите четири остаточни дискови откриени со ИРАС се познати како „чудесната четворка“: Вега, Бета Пикторис, Фомалхаут и Епсилон Еридани . Потоа, сликите направени на дискот Бета Пикторис покажале неправилности во прашината, кои биле припишани на гравитациските растројувања од неоткриена вонсончева планета. Ваквото објаснување било потврдено во 2008 година со откривањето на вонсончевата планета Бета Пикторис б .
Познато е дека и другите ѕвезди околу кои кружат вонсончеви планети имаат и остаточни дискови. Блиската ѕвезда 55 Канкри, систем за кој е познато дека содржи пет планети, се смета дека исто така има остаточен диск, но тоа откритие не можело да се потврди. Структурата во остаточниот диск околу Епсилон Еридани наведува дека има растројувања од планетарно тело во орбитата околу таа ѕвезда.
На 24 април 2014 година, НАСА објавила дека открива остаточни дискови во архивските слики од неколку млади ѕвезди, ХД 141943 и ХД 191089, првпат забележани помеѓу 1999 и 2006 година од вселенскиот телескоп Хабл, преку користење на нови и подобрени процеси при сликање.
Во 2021 година, набљудувањата на ѕвездата, VVV-WIT-08, која 200 дена била замаглена, можеби е резултат на остаточен диск што минувал помеѓу ѕвездата и набљудувачите од Земјата.Carpineti, Alfredo, Giant Star Obscured By Mysterious "Dark, Large, Elongated" Object Spotted By Astronomers, IFL Science, June 11, 2021 Пријавено е две други ѕвезди (Епсилон Ауригае и TYC 2505-672-1) дека редовно се затемнуваат и било утврдено дека феноменот е резултат на дискови кои кружат околу нив во различни периоди, што наведува дека VVV-WIT-08 може да е слична на нив но со многу подолг орбитален период кој штотуку бил забележан од набљудувачите на Земјата. VVV-WIT-08 е десет пати поголема од Сонцето и се наоѓа во соѕвездието Стрелец.
Потекло лево|мини|250x250пкс| Остаточните дискови на младите ѕвезди ХД 141943 и ХД 191089 откриени во архивските слики на Хабл, со помош на подобрени процеси на сликање (24 април 2014 година). За време на создавањето на сонцевидна ѕвезда, телото минува низ Т Бик фазата, и за ова време е опкружена со гасовита и дисковидна маглина. Од овој материјал се формираат планетезимали, кои можат да се здружуваат со други планезимали и материјали од дискот за да на крајот се формираат планети. Маглината продолжува да кружи околу ѕвездата од пред главната низа во период од 1 до 20 милиони години додека не се прочисти преку притисокот на зрачење и други процеси. Потоа со судири меѓу планетезималите, околу ѕвездата може да се создаде прашината од втората генерација, која што формира диск од остатоците. Во одреден момент од нивниот животен век, најмалку 45% од овие ѕвезди се опкружени со остаточен диск, кој потоа може да се открие со топлинската емисија на прашина со помош на инфрацрвен телескоп. Повторените судири може да предизвикаат дискот да опстојува во долг период од животот на ѕвездата.
Обично остаточните дискови содржат зрнца со големина од 1-100 μm. Преку судири овие зрнца ќе се раздробат на зрна помали од микрометар, а со притисокот на зрачење од матичната ѕвезда ќе бидат исфрлени од ѕвездениот систем. Во многу тенки дискови какви што се оние во Сончевиот Систем, поради Појнтинг-Робертсоновиот ефект наместо честичките да бидат исфрлени од системот тие може спирално да се движат навнатре. И двата процеса го ограничуваат животниот век на дискот до најмногу 10 Мегагодини. Така, за да опстои дискот, треба да има некој процес на негово постојано надополнување. Таков процес, на пример, би биле сударите меѓу поголеми тела, проследено со судири меѓу помалите останките од тие и сѐ така додека телата конечно не се сомелат до ситни зрнца.
За да има судири внатре во остаточниот диск, телата мора да бидат гравитациски растроени до мера да може се создаде релативно големо забрзување при судир. Ваквите растројувања може да ги предизвикаат планетите кои ротираат околу ѕвездата, бинарната ѕвезда во ѕвездениот систем или приближувањето на друга ѕвезда. Ако некоја ѕвезда има остаточен диск тоа може со голема веројатност да укаже дека околу неа кружат и вонсончеви планети. Исто така, во прашината на многу остаточни дискови се откриени структури (на пример, купчиња и подвиткувања) кои укажуваат на присуство на една или повеќе вонсончеви планети во внатрешноста на дискот.
Познати појаси Околу многу ѕвезди, а и околу Сонцето, се откриени појаси од прашина или остатоци: ЅвездаЅвездена КласификацијаРастојание(светлосни години)Орбита(Астрономски единици)НаводиЕпсилон ЕриданиK2V10.535–75Тау СетиG8V11.935–50ВегаA0V2586–200 ФормалхаутA3V25133–158АУ МикроскопииM1Ve3350–150HD 181327F5.5V51.889-110HD 69830K0V41<1HD 207129G0V52148–178HD 139664F5IV–V5760–109Ета КорвиF2V59100–150HD 53143K1V60 ?Бета ПикторисA6V6325–550Зета ЛепорисA2Vann702–8HD 92945K1V7245–175HD 107146G2V88130Гама ОфиучиA0V95520HR 8799A5V12975 (Preprint at exoplanet.eu )51 ОфиучиB91310.5–1200HD 12039G3–5V1375HD 98800K5e (?)1501HD 15115F2V150315–550HR 4796 AA0V220200HD 141569B9.5e320400HD 113766 AF4V4300.35–5.8HD 141943HD 191089 Орбиталното растојание на појасот е проценетото средно растојание од ѕвездата, добиено врз основа на директно мерење од сликите или се изведува од температурата на појасот. Земјата има просечно растојание од Сонцето од 1 АЕ.
Поврзано Акреционен диск Астероиден појас Околупланетарен диск Протопланетарен диск
Наводи
Категорија:Околуѕвездени дискови