Свети Ѓорѓи — главна селска црква во штипското село Лесковица, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото.
Во 2020 година била издадена „Процена на загрозеноста од елементарни непогоди кај православните верски храмови во општина Штип“ од страна на Центарот за управување на кризи и Универзитетот „Гоце Делчев“ во која се вели дека црквата врз основа на својата градба, местоположба и околина е загрозена од појава на пожари.
Историја
Црквата е изградена во 1867, а била осветена во 1894 година. Годината на изградба на храмот е запишана и во нишата над главниот влез.
Архитектура Фрескоживопис
Црквата поседува живопис.
Икони и иконостас
Иконите се од XIX век, изработени од непознат автор.
Галерија
Поврзано Штипско архијерејско намесништво Осма приградска парохија Лесковица
Наводи
Надворешни врски
Лесковица