Св. Никола — православна црква во кривопаланечкото село Гиновци, Општина Ранковце. Му припаѓа на Кривопаланечкото архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.
Црквата е еднокорабен гробишен храм. Датира од крајот на XVI до првата деценија на XVII век судејќи по зачуваниот фрескопис на сводот и северниот ѕид. Се издвојува претставата на Свети Јоаким Осоговски насликан до Света Петка. Во сцените на Великите празници е прикажан и по еден пророк кој го претскажал настанот.
Поврзано Кумановско-осоговска епархија Кривопаланечко архијерејско намесништво
Наводи
Гиновци