Владислав Граматик — плоден книжевник од XV век.

Биографија Податоци за неговиот живот дознаваме само од неговите дела. Потекнува од Ново Брдо во Косово, од каде што по заземањето на Турците се населил во Младо Нагоричане, а подоцна живеел и работел во Жеглиговскиот крај, во манастирот „Св. Богородица”, Матејче, на Скопска Црна Гора.

Во овие две места, во периодот од 1456 до 1479 година, напишал 4 огромни зборници со мешана содржина, сочувани во автограф, напишани калиграфски, главно со ситен полуустав на правилен црковнословенски јазик со ресавски правопис и со уметнички илустрации: минијатури, вињетки, заглавки и иницијали. Само Ⅰ зборник (1455) е напишан во Младо Нагоричино, сите други (Ⅱ од 1469, Ⅲ – 1473, Ⅳ – 1479) во манастирот „Св. Богородица”, Матејче. Зборниците содржат 311 творби од околу 70 византиски и словенски автори, во вкупен обем од 5400 страни и во нив место нашле над 260 литературни дела. Поради тоа некои автори ги сметаат за енциклопедија на средновековната образованост. Тие не се механички препишувани, туку длабоко осмислени со широк антологиски зафат. Секој од зборниците има своја физиономија со посебна тематика.

Тој бил искусен писател, редактор и коментатор. Во своите зборници, покрај преведените книжевни дела од византиската литература, приклучил и оригинални словенски литературни дела, како што е расказот за пренесувањето на моштите на Јован Рилски од Трново во Рилскиот манастир, познат под името „Рилска повест“.

Наводи

Категорија:Родени во 1410-тите Категорија:Македонски просветители