мини|Хелена Хелмерсон

Хелена Хелмерсон (; р. 1973 година) — шведска стопанственичка. Од 2010 година, таа е шеф на одржливост во шведската компанија за малопродажба на облека H&M, и од 2020 година е нејзин извршен директор.

Биографија

Родена во Скелефтеа на северот на Шведска, таа пораснала со своето семејство (нејзините родители и двете сестри), Хелмерсон дипломирала магистер по меѓународна бизнис администрација на Умео школата за бизнис и економија во 1997 година. Кога се приклучила на H&M во 1997 година, таа станала менаџер на одделот во канцеларијата за купување пред да замине во Дака, Бангладеш во 2007 година, каде што била менаџер за производство на H&M. По долг период служејќи како нивен оддел менаџер за производство на долна облека во Хонгконг до 2010 година, се вратила во Стокхолм за да биде менаџер за општествена одговорност и снабдување.

Од 30 јануари (2020) таа е назначена за извршен директор на H&M. Тековните одговорности на Хелмерсон опфаќаат подобрување на социјалната и еколошката одржливост на снабдувањето, придонесувајќи за стратегијата за одржливост на H&M која првично била имплементирана во 1990-тите.

На 5 март 2014 година, Хелмерсон била избрана за „Најмоќна жена во бизнисот“ во Шведска од неделното деловно списание Veckans Affärer. Честа дошло како целосно изненадување. Интервјуирани од страна на Алан Аткисон на GreenBiz, таа изјавилa: „Јас сум многу горда и среќна. Зад сè што правиме се крие огромна количина на тимска работа и ова го земам како доказ дека е видливо“.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1973 година Категорија:Шведски стопанственици