десно|thumb|250px|Беатрис Фин Беатрис Фин (; роден на година во Гетеборг, Шведска) — шведска адвокатка и од 1 јули 2014 година, извршна директорка на Меѓународната кампања за укинување на јадреното оружје (ICAN). Заедно со преживеаната од Хирошима, Сецуко Турлоу, таа ја прифатила Нобеловата награда за мир за ICAN.

Биографија

Фин е родена во 1982 година во Гетеборг, Шведска. Студирала на Универзитетот во Стокхолм, а дипломирала за меѓународни односи во 2008 година. Во 2009 година, таа учествувала на стажирање во Женската меѓународна лига за мир и слобода (WILPF) и била вклучена во работата на Конференцијата за разоружување и Советот за човекови права на Обединетите нации. Таа потоа работела во банка во Женева и се здобила со едногодишна магистерска диплома по правни науки по меѓународно право на Универзитетскиот колеџ во Лондон.Beatrice Fihn European Leadership Network

Фин се вратила во WILPF во 2010 година, работејќи со нејзината програма за разоружување сè додека не стане извршен директор на ICAN во 2014 година.

Фин го критикувала американскиот претседател Доналд Трамп за неговата јадрена политика. Фин го посетила Нагасаки за прв пат на 13 јануари 2018 година.ICAN leader Beatrice Fihn makes first visit to Nagasaki

Наводи

Категорија:Луѓе од Гетеборг Категорија:Апсолвенти на Универзитетскиот колеџ во Лондон Категорија:Апсолвенти на Стокхолмскиот универзитет Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1982 година Категорија:Шведски адвокати Категорија:Шведски политичари