„Улогата на моето семејство во светската револуција“ (српски: Улога моје породице у свјетској револуцији) — југословенски филм во режија на Бахрудин Ченгиќ, снимен според истоимениот роман на Бора Ќосиќ од 1969 година. Главните улоги ги играат: Драган Николиќ, Милена Дравиќ, Данило Бата Стојковиќ, Бранка Петриќ и Миливоје Томиќ. Филмот претставува пародија на политичкиот систем во СФРЈ, а премиерно бил прикажан на Пулскиот филмски фестивал, но веднаш потоа бил забранет и никогаш не се прикажувалво кино-салите.РТС, Улога моје породице у свјетској револуцији (пристапено на 11.2.2021)

Синопсис Во филмот се прикажуваат доживувањата на едно семејство по завршувањето на Втората светска војна, кога доаѓа до промена на политичкиот систем. Промените се одразуваат на секојдневниот живот на семејството, кое ги учи новите песни кои се пеат, а ги заборава старите обичаи, како изработката на гоблените...

Наводи

Категорија:Филмови од 1971 година Категорија:Српски филмови Категорија:Југословенски филмови Категорија:Филмови на Бахрудин Ченгиќ Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови со Драган Николиќ Категорија:Филмови со Милена Дравиќ Категорија:Филмови со Данило Бата Стојковиќ Категорија:Филмови со Бранка Петриќ Категорија:Филмови со Миќа Томиќ Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Филмови за семејства