Петар Брајовиќ - Ѓуро ( во , близу Цетиње — во ) — симпатизер на комунистичкото движење помеќу двете светски војни, учесник во НОВ и воен командант. Животопис лево|мини|Петар Брајовиќ ги прегледува воените затвореници.Гимназија завршил во Пеќ во 1937 година, а Воена академија во 1940 година. Активно учествувал во подготовките за вооружено востание во Косово и Метохија. Бил член на КПЈ од октомври 1941 година, а од март 1942 година се илегализирал. Во почетокот на 1943 година, станал заменик командант на Карадачкиот НОПО, а од октомври 1943 година командант на Групата косовско-метохиски баталјони. Од ноември 1943 година бил назначен за командант на Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада, а подоцна командант на Првата косовско-метохиска бригада и командант на Четириесет и осмата македонска дивизија на НОВЈ. Во октомври 1944 година, бил поставен за командант на Шеснаесеттиот македонски корпус на НОВЈ, а потоа командант на Оперативниот штаб на НОВ и ПО на Косово и Метохија. Во февруари 1945 година, бил тешко ранет.
По војната вршел повеќе должности во ССНО.
Поврзано
Карадачки партизански одред Прва македонско-косовска ударна бригада Четириесет и осма македонска дивизија на НОВЈ Шеснаесетти македонски корпус на НОВЈ
Наводи
Надворешни врски Од дневникот на Петар Брајовиќ, командант на Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада, „Нова Македонија“, 8.02.2025.
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Погребани во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта (Белград)