Речник на паронимите во македонскиот јазик – речник од Емил Ниами, издаден во 2020 година од Книгоиздателството Ми-Ан.

Содржина Во речникот се опфатени пароними кои се општоупотребувани зборови, но и поими од повеќе научни области: архитектура, банкарство, биологија, географија, граматика, економија, лингвистика, логика, медицина, музика, политика и др.

Анализираните пароними се подредени по азбучен ред, потоа следат примерите (паронимни парови или низи) и на крајот се дадени објаснувањата и дефинициите за наведените примери за да се воочат разликите во нивните значења.

Корпусот на македонските пароними е оформен со користење на постојните двојазични речници, интернетот, јавните гласила, а дополнуван е со примери од книжевноста и живиот говор во секојдневната комуникација.

Поврзано Емил Ниами Речник на антонимите во македонскиот јазик

Наводи

Категорија:Македонски јазик Категорија:Речници на македонскиот јазик Категорија:Речници Категорија:Дела од 2020 година Категорија:Изданија на Ми-Ан