Хуго Емил Алвен - шведски композитор, диригент, виолинист и уметник.

Биографија Роден е во 1872 година во Стокхолм. Од 1887 до 1891 година студирал виолина на Кралското средно музичко училиште во Стокхолм. Околу 10 години, почнувајќи од 1897 година, тој патувал низ Европа, подлабоко проучувајќи ги вештините за свирење виолина и диригирање. Заработувал за живот свирејќи виолина во Кралската опера во Стокхолм. Тој бил на турнеја како диригент. Алвен добивал државни надоместоци за композитори од 1906 до 1910 година . Од 1910 до 1939 година, тој бил и „музички директор“ на Кралскиот академски оркестар на Универзитетот во Упсала.

Во прилог на неговиот музички дар, тој имал талент и за уметност, сликал акварели. Напишал и своја автобиографија во 4 тома.

Тој починал во 1960 година, неколку дена откако наполнил 88 години.

Личен живот Во периодот од 1912 до 1936 година бил во брак со познатата данска уметничка Марија Трипке (1867-1940).

Уметнички дела Има напишано бројни дела за машки хор, пет симфонии и три шведски рапсодии за оркестар.

Од симфониите, Симфонијата бр.4 е особено значајна - симфониско платно (со двајца солисти -вокалисти) во четири движења, едноподруго без прекин.

Најпопуларната од рапсодиите е Шведската рапсодија број 1.

Надворешни врски

The Hugo Alfvén Society ) - Друштво Хуго Алфвен

Категорија:Композитори од 20 век Категорија:Починати во 1960 година Категорија:Починати на 8 мај Категорија:Родени во 1872 година Категорија:Родени на 1 мај Категорија:Шведски композитори Категорија:Апсолвенти на Упсалскиот универзитет