Свети Илија – манастирска црква на Бренскиот манастир.

Архитектура Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со застаклен дрворез, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со празна застаклена дрвена рамка. Објектот е изграден од варовник и во целост е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата не е зографисана, со исклучок на иконостасот којшто наместо икони содржи фрески. На ѕидовите во храмот се закачени бројни икони. Во црквата има и мермерна плоча на којашто е запишан датумот на изградба и осветување на манастирскиот конак.

Галерија

Поврзано Бренски манастир Црква „Св. Димитриј“ - Градешница Црква „Вознесение Христово“ - Градешница Црква „Св. Атанасиј“ - Градешница Црква „Св. Никола“ - Градешница Црква „Св. Антониј“ - Градешница Црква „Св. Ѓорѓи“ - Градешница Градешница Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Старавинска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Бренски манастир Категорија:Градешница Градешница