Данчо Бањански (р. во Кавадарци) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Во 1962 година како глумец аматер почнал да игра претстави во Театарот во Кавадарци, во 1972 година се вработил и останал сè до неговото пензионирање во Театар Кавадарци.
Филмографија Бањански има остварено бројни филмски улоги: Година Филм Улога 1984 Јуначко колено ТВ-серија 1985 Од зад грб ТВ-филм 1997 Македонски народни приказни ТВ-серија 1999 Каца ТВ-филм Димо 2000 Погрешно време ТВ-серија 2005 Лудомарини лакардии ТВ-серија 2013 Тиквешко востание ТВ-серија 2014 Женски итроштини ТВ-филм 2015-2016 Кавадаречки народни приказни ТВ-серија 2017 Македонски народни приказни ТВ-серија 2020-2024 Кавадаречки народни приказни ТВ-серија 2023 Фениксот од Кавадарци ТВ-филм
Награди Прва награда за епизодна улоги за ликот Буки во претставата „Венчаница“ на републичкиот натпревар „Аматерски смотри“ во Битола (1962) Прва награда за машка улога за улогата Тој во претставата „Бумеранг“ на југословенскиот натпревар на Драмски смотри (1970) Прва награда за изведбата на „Очи“ од Ацо Шопов Републички натпревар во Србија (1976) Прва награда за машка улога за претставата „Незакопани мртовци“ од Жан Пол Сартр Награда за најдобра машка улога „Свадба“ од Васил Иљоски од жирито на републичкиот натпревар во Струмица Прва награда за најдобра машка улога за ликот Давид Штрбац од претставата „Јазовец пред суд“ на републичките Драмски смотри во Битола Награда „7 Септември“ на Општина Кавадарци (2022)
Наводи
Категорија:Глумци од Кавадарци Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Југословенски глумци