Врбосна ― средновековното име на мал регион во денешна средишна Босна и Херцеговина, со средиште на истоимената населба која подоцна ќе стане дел од градот Сараево.

Значењето на името на оваа жупа е „врв на Босна“. Единственото познато утврдување во областа во тоа време било Ходиѓед. Постоењето на значајната засебна населба Врхбосна било забележано во 14 и 15 век. Врхвосна за првпат била нападната од Отоманската Империја во 1416 година, и конечно била заземена во 1451 година.

Врхосна опстојува кратко по османлиското освојување на Босна во името на месниот вилает, но наскоро името излегло од употреба. Во 1550 година, венецијанскиот патник Катерино Зено бил првиот западен човек кој го користел поимот Сараљо (Saraglio, италијанизиран облик на Сараево) наместо Врхобосна за да го опише местото.

Денес е позната како Римокатоличка архиепископија Врхосна, која е архиепископија која во моментов им служи на католиците во Сараево.

Наводи

Книжевност

Категорија:Историја на Сараево Категорија:Босна и Херцеговина во средниот век