__NOTOC__ Жарски Округ () — округ во Лубушкото Војводство, западна Полска, на границата со Германија. Созаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа од претходната година. Најголем град и седиште е Жари, сместен на 43 км југозападно од Желона Гура и 123 км јужно од Гожув Вјелкополски. Има уште три града: Лубско (21 км северозападно од Жари), Јашењ (16 км северозападно од Жари) и Ленкњица (30 км западно од Жари).
Округот зафаќа површина од и во 2019 г. броел 96.496 жители. Во Жари живееле 37.502 лица, во Лубско 13.921, во Јашењ 4.309, во Ленкњица 2,478, а останатите 38.286 биле по селата.
Соседни места Жарскиот Округ се граничи со Кросненскиот на север, Желоногурскиот на североисток, Жагањскиот на исток и Згожелечкиот на југ. На запад се граничи со покраините Саксонија и Бранденбург во Германија (окрузите Шпре-Ниса и Герлиц).
Административна поделба Округот се дели на десет општини од кои две се градски, две се градско-селски и шест се селски. Тука се наведени надолно по бројот на жители во 2019 г.
ОпштинаВидПовршина(км2)Население(2019)СедиштеЖариградски33,237.502—Лубскоградско-селски182,718.452ЛубскоЖариселски294,412.343Жари*Јашењградско-селски127,07.040ЈашењТшебјелселски166,65.679ТшебјелБродиселски240,43.413БродиЛипинки Лужицкеселски88,63.366Липинки ЛужицкеПшевузселски178,33.157ПшевузТуплицеселски65,93.066ТуплицеЛенкњицаградски16,42.478—* седиштето не е дел од општината
Наводи
Надворешни врски
Портал на Жарскиот Округ
Категорија:Окрузи во Лубушкото Војводство Категорија:Држави и територии настанати во 1999 година