__NOTOC__ Полички Округ () — округ во Западнопоморското Војводство, северозападна Полска, крај полско-германската граница. Созаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа од претходната година. Најголем град и седиште на округот е Полице, сместен на 13 км северно од војводското седиште Шчеќин. Единствен друг град во округот е Нове Варпно, на 29 км северозападно од Полице. Сите останати места се села.

Округот зафаќа површина од и во 2020 г. имал 81.229 жители. Уделот на градско население изнесува 59,1 %.

Соседни места Поличкиот Округ се граничи со градот Швиноујшќе (преку Шчеќинскиот Залив) на север и Голењувскиот Округ на исток, градот Шчеќин на југоисток и Грифинскиот на југ. На запад се граничи со Германија (окрузите Западна Померанија-Грајфсвалд и Укермарк).

Полице и Шчеќин имаат заедничка автобуска мрежа.

Округот има патни врски со: Шчеќин (Полска), автопат A6 и патишта бр. 10, 13 и 115 Пазевалк во Западна Померанија-Грајфсвалд (Германија), пат бр. 10 Голењув (Полска), Пенкун во Укермарк и Берлин (Германија), автоат A6

Административна поделба Округот се дели на четири општини од кои две се градско-селски, а две селски. Тука се наведени надолно по бројот на жители во 2016 г.

ОпштинаВидПовршина(км2)Население(2016)СедиштеПолицеградско-селска251,4241.543ПолицеДобраселска110,2721.186ДобраКолбасковоселска105,4612.311КолбасковоНове Варпноградско-селска197,881.667Нове Варпно

Знаменитости Приридни знаменитости Вкшанска Шума — подрачје на мрежата Натура 2000 во околината на придониот резерват Швидвје и неговото езеро кај Таново и Добра Канали - подрачје на мрежата Натура 2000; рушевини од нафтени погони во Полице, денес живеалиште за лилјаци. Кајакарење на реката Гуњица од Венгорњик низ Таново, Татиња и Вјењково до Полице (Јасјењица) Лагуната Шчеќински Залив (Тшибјеш, Нове Варпно)

Културно-историски знаменитости Тулноготска црква во Полице - Јасјењица (XIV/XVIII век) Остатоци од августински манастирски конаци во Полице - Јасјењица (XIV век) Тулноготска капела (XV век) на плоштадот „Хробри“ во стариот дел на Полице Неоготска црква (XIX век) во стариот дел на Полице Лапидариум во паркот Старомјејски во стариот дел на Полице Стари социјални станови (XIX век) во Полице, Ново Варпно и куќи од овој период во Тшебјеж Градски дом во Нове Варпно (XIV век) Цркви од XIII век во Колбасково, Добра, Волчково, Бук, Вонвелњица, Мјежин, Барњислав и Бендаргово

Наводи

Надворешни врски

Портал на Поличкиот Округ

Категорија:Окрузи во Западнопоморското Војводство Категорија:Држави и територии настанати во 1999 година