десно|мини|313x313пкс| Селаните го подготвуваат полето за зима со влачење и сеење зимски житни култури, од Молитвеникот на војводата од Бери (Très Riches Heures du Duc de Berry), околу 1410 Средновековна демографија — проучување на човечката демографија во Европа и Средоземјето во текот на средниот век. Проценува и се обидува да го објасни бројот на луѓе кои живееле во средновековниот период, трендовите на населението, животниот век, структурата на семејството и слично. Демографијата се смета за клучен елемент на историските промени во средниот век.
Населението во Европа останало на ниско во раниот среден век, процветало во развиениот среден век и го достигнало својот врв околу 1300 година, а потоа бројните несреќи предизвикале остар пад, за чија природа историчарите сè уште дебатираат. Нивото на населението започнало да расте кон крајот на 15 век и добило на интензитет во почетокот на 16 век.
Науката за средновековната демографија зависи од различни линии на докази, како што се административни записи, археолошки податоци од терен, тестаменти и други видови записи, економски податоци и пишана историја. Бидејќи податоците честопати се нецелосни или двосмислени, може да има значителни несогласувања меѓу средновековните демографи.
Демографска историја на Европа Нивото на население во Европа за време на средниот век може грубо да се категоризира на следниот начин:Navod kombinira izvore iz članka Davida Herlihyja "Medieval Demography" u djelu Dictionary of the Middle Ages (vidjeti Bibliografiju u ovom članku) i Josiaha C. Russella, "Population in Europe" , u Carlo M. Cipolla, ed., The Fontana Economic History of Europe, Vol. I: The Middle Ages, (Glasgow : Collins/Fontana, 1972), 25–71
200-600 (доцна антика): опаѓање на населението 600-1000 (ран среден век): стабилно и ниско ниво, со повремен раст. 1000–1250 (развиен среден век): брз раст и ширење на населението. 1250–1348 (доцен среден век): стабилен или повремен раст на високо ниво, со пад околу 1315-17. 1348-1420 (доцен среден век): остар пад. 1420-1470 (доцен среден век): стабилен или повремен пад на ниски нивоа. 1470 година - натаму: бавно ширење што добива на интензитет во почетокот на 16 век.
Доцна антика Во доцната антика, различни показатели за римската цивилизација почнале да опаѓаат, вклучувајќи ја урбанизацијата, поморската трговија и вкупното население. Во споредба со 1 век, пронајдени се само 40% од бројот на настрадани бродови од 3 век.Hopkins, Keith Taxes and Trade in the Roman Empire (200 B.C.–A.D. 400) Во периодот од 150 до 400 година, се проценува дека населението на Римското Царство опаднало од 70 милиони на 50 милиони, што претставува пад од речиси 30%. Непосредни причини за намалување на населението се антонинската чума, кипарската чума и кризата од 3 век . Европското население најверојатно го достигнало најниското ниво за време на екстремни временски услови 535-536 и последователната Јустинијанова чума . Некои го поврзле овој демографски премин со периодот на големи миграции, кога имало пад на глобалните температури што ги намалило земјоделските приноси.
Ран среден век Големата епидемија на чума го погодила Средоземјето и поголем дел од Европа во 6 век.
Во раниот среден век, имало релативно мал пораст на населението со урбанизација далеку под врвот во деновите на Рим, што било одраз на ниското технолошко ниво, ограничените трговски и политички, социјални и економски промени, влошени со експанзијата на Викинзите на север, арапската експанзија на југ и движењето на Словените и Унгарците на исток. Таквиот рурален, несигурен живот предизвикал развој на феудализмот и христијанизација на Европа. Проценките за вкупното население во Европа се шпекулативни, но во времето на Карло Велики се проценува дека живееле помеѓу 25 и 30 милиони жители, можеби половина од нив во Каролиншкото Царство што ги опфаќала денешна Франција, Холандија, Западна Германија, Австрија, Словенија, северна Италија и дел од северна Шпанија. Поголемиот дел од средновековните населби останале мали, меѓу нив имало земјоделско земјиште и големи зони на ненаселена дивина.
Развиен среден век Од 10 до 13 век, земјоделството се проширило во дивината за време на т.н. „големо расчистување“. Во текот на развиениот среден век, многу шуми и мочуришта биле расчистени и обработувани. Во исто време, за време на Остзиедлунг, Германците се населиле источно од реките Елба и Зале, во области кои претходно биле ретко населени од Полабските Словени. Крстоносците се проширија во крстоносните држави, делови од Пиринејскиот Полуостров биле преземени од Маврите, а Норманите ги колонизирале Англија и јужна Италија. Овие движења и освојувања се дел од поголема шема на проширување и преселување на населението што се случило во Европа во тоа време.Robert Bartlett, The Making of Europe, ISBN 0-691-03780-9
Причините за оваа експанзија и колонизација вклучуваат постојано подобрување на климата (т.н. средновековен топол период ), што довело до подолги и попродуктивни сезони за размножување; крај на грабежите од Викинзите, Арапите и Унгарците, што резултирало со поголема политичка стабилност; напредок во средновековната технологија, што овозможило обработка на поголеми површини; црковните реформи од 11 век кои дополнително ја зголемиле општествената стабилност; и подемот на феудализмот, што исто така донело одредена мерка на општествена стабилност. Градовите и трговијата заживеале, а подемот на паричната економија почнал да ги ослабува врските на кметството кое ги врзувало селаните со земјата. Отпрвин имало голема површина на земјиште, додека работникци за расчистување и обработка на земјата имало малку; земјопоседниците кои поседувале земјиште наоѓале нови начини за привлекување и задржување работници. Урбаните центри можеле да ги привлечат кметовите со ветување на слобода. Со населувањето на новите области, внатрешно и надворешно, населението природно се зголемило.
Севкупно, се проценува дека европското население достигнало врв од дури 100 милиони жители.
Англија Се проценува дека населението во Англија "http://www.domesdaybook.co.uk/life.html#6" било некаде помеѓу 3,7 милиониRussell, Josiah Cox, 1972. Medieval Regions and their Cities, str. 122. и 5-7 милиони, иако проценките за 14 век доаѓаат од извори по првите епидемии на чума, а проценките за населението пред чумата зависат од претпоставената стапка на смртност од чума, процентот на деца и стапката на неуспех за враќање на оданочуваното население.
Франција Се верува дека во 1328 година. Франција имала помеѓу 13,4 милиони луѓе (во помало географско подрачје од денес)Russell, J.C., 1958, "Late Ancient and Medieval Population," u Transactions of the American Philosophical Society, svezak 48 br. 3, str. 106. и 18 до 20 милиони луѓе (во денешното подрачје), и повторно не ја достигнува таа втора бројка до раниот модерен период.
Италија Населението на Италија околу 1300 година се проценува помеѓу 10 и 13 милиони.
Доцниот среден век До 14 век, границите на населените обработливи површини престанале да се шират и завршило внатрешното населување, но нивото на население останало високо. Потоа серијата настани - понекогаш наречени криза на доцниот среден век - колективно убила милиони луѓе. Почнувајќи со големиот глад 1315 година и црната смрт од 1348 година, населението во Европа нагло опаднало. Во периодот помеѓу 1348 и 1420 година, се случиле најголемите загуби. Во делови од Германија, исчезнале околу 40% од жителите. Населението на Прованса, наводно, било преполовено, а во некои делови на Тоскана, 70% биле изгубени во тој период.
Историчарите се мачеле да објаснат зошто толку многу луѓе починале. Некои се сомневале во долгогодишната теорија дека намалувањето на популацијата е предизвикано само од заразни болести (повеќе во написот за црната смрт), па затоа истражувале и други општествени фактори.
Класичниот малтузиски аргумент е дека Европа била пренаселена: дури и во добри години, населението едвај успевало да се прехрани. Приносите во 14 век биле помеѓу 2:1 и 7:1 (2:1 значи дека за секое посеано зрно има две ожнеани. Денешните приноси се 30:1 или повеќе.) Со децении, неисхранетоста постепено се развивала, намалувајќи ја отпорноста на болестите и натпреварот за ресурси значел повеќе војни, а потоа приносите конечно беа намалени со малото ледено доба.
Алтернативна теорија е дека конкуренцијата за ресурси ја влошила нерамнотежата помеѓу сопствениците и работниците и дека понудата на пари продолжила да држи чекор со фиксната зголемена економска активност (бидејќи суровините главно се базирале на сребро) така што платите се намалувале додека кириите се зголемувале, што довело до демографска стагнација. Економските услови на сиромашните исто така ја влошиле бедата на чумата бидејќи немале засолниште, како на пр. вила на село како благородниците во Декамерон на Бокачо. Сиромашните живееле во тесни услови и не можеле да се изолираат од болните и имале послаб имунитет поради несоодветна исхрана, тешките услови за живот, работата и санитарните услови. Откако чумата и другите егзогени причини за намалување на населението ја намалиле понудата на работна сила, платите се зголемиле. Ова ја зголемило подвижноста на работниците и довело до прераспределба на богатството, иако обидите на сопствениците на имоти да се спротивстават на промените со забрани за зголемување на надниците и контрола на цените придонеле за народни востанија, како што било востанието на селаните во Англија во 1381 година. До 1450 година, вкупното население во Европа било значително помало од 150 години порано, но сите класи генерално имале повисок животен стандард.
Без оглед на причината, населението продолжило да опаѓа во текот на 15 век и останало ниско во 16 век.
Демографски табели Табелите подолу ги прикажуваат проценките според Урланис (1941: 91, 414). +Динамика на европската популација, 1000–1500 Година Вкупно европско население, милиони Апсолутен раст по период, милиони Просечен раст годишно, во илјади Апсолутен раст по возраст, % Просечен раст на век, % 1000 56.4 - - - - 1100 62,1 5,7 57 10,1 0,10 1200 68,0 5,9 59 9,5 0,09 1250 72,9 4,9 98 15.7 0,14 1300 78,7 5,8 116 0,15 1350 70,7 -8,0 −160 -0,8 0,20 0,21 1400 78,1 7,4 148 0,20 1450 83,0 4.9 98 16.1 0,12 1500 90,7 7,7 154 0,18 +Европското население по држава или област, 1000–1500, во милиониДржава/област100011001200125013001350140014501500Германија5,46,47,389,18,59,610,210,8Франција91113151715141415,5Англија и Велс1,61,82,32,632,433,33,6Шкотска0,30,30,30,40,40,30,40,50,6Ирска0,60,60,60,70,70,60,70,70,8Италија77,5891081010,511Шпанија и Португалија9876,565678,5Австроунгарија5,46,27,289891011,5Балкан77,58887888Данска0,50,50,60,60,70,60,60,60,6Шведска0,40,40,40,50,50,40,50,60,65Норвешка0,20,20,20,20,30,30,30,30,3Швајцарија0,40,40,50,60,70,60,70,70,75Белгија0,60,70,911,211,21,31,5Холандија0,50,60,70,80,90,80,91,11,3Североисточна Европа8,51011111112131415,1Останати<0,1<0,1<0,1<0,10,20,20,20,20,2Вкупно56,462,16872,978,770,778,18390,7Белешки:
Науката и уметноста на средновековната демографија Средновековната демографија е прилично ново поле на истражување. Изворите што традиционално ги користат денешните демографи, како што се записите за бракови, раѓања и смртни случаи, обично не се достапни за тој период, па научниците се потпираат на други извори, како што се археолошките истражувања и пишаните записи кога се достапни.