ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ (целосно име: Државен музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски-Луј“) — централно основно и средно музичко училиште во градот Скопје, Општина Центар.Училиштето е именувано по истакнатиот македонски композитор Илија Николовски-Луј.

Основање и развојот

Државниот музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски - Луј“ од Скопје, основан 1945 година, е училиште од посебен интерес за државата. Во него се образуваат кадри од музичката и балетската уметност и како единствен центар од ваков вид тој претставува јадро од кое произлегуваат идните музички и балетски уметници и педагози, кореографи, диригенти, композитори и други музички и балетски културни дејци. Центарот е поделен на основно и на средно образование.

Дејноста во основното музичко и балетско образование се одвива во две насоки: масовно ширење на музичката и балетската култура и професионално насочување на учениците од основниот оддел кон средното насочено образование. Во основното музичко и балетско образование се опфатени ученици од градските и приградските населби на Скопје.

Во средното образование се образуваат кадри од образовните профили: музичар-изведувач, музичар теоретичар, балетски играч - балерина и фолклорен играч. Во средно образование се опфатени ученици од различни градови на Македонија.

Познати личности кои учеле во ова училиште Благоја Чешларов - трубач, музички педагог, музички продуцент во Радио Скопје Ирена Ветерова - светски позната балерина Ламбе Алабаковски - пејач Викторија Лоба - пејачка

Познати личности кои предавале во ова училиште Зуица Лазова - македонска фолк пејачка Зоран Џорлев - македонски музичар и виолинист

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Центар Категорија:Центар (населба во Скопје) Центар Категорија:Средни училишта во Скопје Категорија:Средни училишта во Општина Центар Категорија:Средни училишта во Македонија Категорија:Основни училишта во Македонија Категорија:Музички училишта во Македонија