Државно средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ — средно училиште со ученички дом за ученици со посебни образовни потреби, се наоѓа во Штип, Општина Штип. Училиштето е сместено на 1,5 km од Центарот на градот, на магистралниот пат Штип - Радовиш - Струмица во непосредна близина на термо минералната бања „Кежовица“ во месноста Ново село.
Воспитно образовната институција постои од ноември 1981 г. Објектот во кој се сместени училиштето и домот е изграден во 1952 г. и во него било сместено некогашното земјоделско училиште, а во 1979 г. е адаптирано и приспособено за вршење на дејноста на ДСУ “Искра”.
Суштината на постоењето на ДСУ ”Искра” Штип е од посебен интерес на Републиката и е единствена институција од ваков вид во Источниот дел на Р Македонија за згрижување, воспитание, образование и рехабилитација на ученици младинци со пречки во развојот и посебни образовни потреби. Од основањето до денес своето право на воспитание, образование и рехабилитација го оствариле околу 1000 ученици.
Учество на натпревари Освоени награди Познати личности кои учеле во ова училиште Познати личности кои предавале во ова училиште
Надворешни врски http://centariskra.schools.edu.mk Мрежно место на училиштето Портал за основните и средните училишта во Македонија Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука
Категорија:Општина Штип Категорија:Средни училишта во Штип Категорија:Средни училишта во Општина Штип Категорија:Средни училишта во Македонија