Кралско Височество () – роман од Томас Ман издаден во 1909 година. Ова е вториот роман на Ман и бил напишан меѓу летото 1906 и февруари 1909 година. Кралско Височество се одликува со бајковитост и е моделиран според романсата и женењето на Ман со Катја Ман во февруари 1905 година. Првпат бил издаден ов 1909 година во Ноје рундшау (Neue Rundschau), и бил прифатен од публиката со голем ентузијазам, но критиката била поделена.
Филмска адаптација Во 1953 година, романот бил адаптиран во филм од Ханс Абих и Ролф Тиле со истиот наслов, Кралско Височество. Го режирал Харалд Браун, а продукцијата била во студијата на Filmaufbau GmbH Göttingen во агфаколор. Главните ликови ги толкувале Дитер Борше, Рут Лојверик и Лил Даговер. Ќерката на Томас Ман, Ерика Ман, играла мала улога во филмот.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Дела од 1909 година Категорија:Романи на Томас Ман Категорија:Германски историски романи