мини|Дестини Вотфорд (лево) со Нанси Пелоси, 2016 година Дестини Вотфорд — американски деец за животна средина. Таа ја добила наградата за животна средина „Голдман“ во 2016 година.
Биографија Вотфорд пораснала во заливот Куртис, Мериленд, во област со значително загадување на воздухот. Додека била во средно училиште, таа започнала кампања против проект за согорување кој бил одобрен од градот и државата и можел да согори 4.000 тони отпад дневно. Во текот на четири години, таа го водела проектот со други ученици во средното училиште Бенџамин Френклин врз основа на загриженоста за влијанијата врз здравјето од поголемо загадување на воздухот во областа, кое според активистите можело да дојде до појава на астма во локалната заедница. Нивната работа вклучувала истражување на употребата на земјиштето и политиките за зонирање, како и лобирање на училишни и владини службеници. Во 2016 година, Одделот за животна средина во Мериленд го откажал проектот за согорување.
Студирала на универзитетот Тоусон. Во 2018 година присуствувала на Конференцијата за расно претставување. На 16-годишна возраст, таа била ко-основач на групата „Слободен глас“ која подоцна станала дел од организацијата за човекови права „Обединети работници“.
Награди и признанија Ватфорд има добиено голем број на награди и признанија, вклучувајќи ја и наградата за животна средина „Голдман“ во 2016 година, признанието „Birdland“ во 2016 година, „Next Generation“ во 2016 година, „Work 100 Woman“.
Наводи
Надворешни врски
Дестини Вотфорд: Како една студентска активистка и помогна на нејзината заедница да запре загадувачки согорувач | Разговор на ТЕД, 2017 година
Категорија:Американски дејци Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Балтимор Категорија:Климатски дејци Категорија:Американски природозаштитници