Барајќи го Тато е романтична теленовела која го раскажува животот на едно мало симпатично дете, чија најголема желба е да го пронајде неговиот татко. Оваа теленовела со својот шарм освои многу гледачи низ целиот свет. Серијата премиерно со прикажување во САД започнала во 2004 година, а по неколку месеци, веднаш се појавила и на меѓународниот пазар. Кај нас, серијата се емитуваше на А1 телевизија и стекна огромен успех од сите генерации.
Синопсис Маргарита и Игнасио се вљубиле на прв поглед, но нивната врска траела само еден ден и една ноќ, а резултат на тоа е малиот Фрихолито, роден меѓу вреќи со грав, поради што и го добива името Гравче. Од мали нозе детето покажува интелегенција и сосема ја разбира состојбата на мајка му, која работи за него. Тој и неговиот најдобар другар Тоњо постојано смислуваат детски палавости, а една случајна средба со неговиот биолошки татко, ќе ги ја измени неговата и судбината на неговата мајка. Фрихолито и Игнасио стануваат другари, а преку него, детето се запознава и со Дулсе, внуката на Игнасио, со која, во понатамошните случувања, ќе имаат многу згоди и незгоди. Маргарита и Игнасио повторно се среќаваат, но тој не памети која е таа, ниту пак дека имал врска со неа, но детето и неговиот изглед, ќе го натераат да дознае повеќе. Токму тоа ќе ја одреди и понатамошната судбина на Маргарита и Фрихолито. Единствен кој знае за постоењето на малиот Фрихолито е братот на Игнасио, Франциско, кој се плаши дека со тоа добил уште една конкуренција за наследството и ќе настојува мајката и детето да ги држи подалеку од семејството.
Улоги Глумци ЛиковиЛици Маргарита Маурисио Окман ИгнасиоАлехандро Фелипе ФрихолитоРоберто Матеос ФранцискоКарла Петерсон ШанталМарита Балестерос ЛукресијаЕдгар Вивар Дон Педро
Барајќи го тато на Балканот Македонија: А1 Телевизија Босна и Херцеговина: Хајат Бугарија: бТВ Србија: ФОКС Телевизија
Надворешни врски Serials.ru
Категорија:Мексикански телевизиски серии Категорија:Теленовели Категорија:Телемундо