thumb|right|280px|Улица во Пјонгјанг Пјонгјанг () — главен град на Северна Кореја, кој се простира преку реката Тедонг. Според пописот од 2008 г. градот има 3.255.288 жители.
Градот се одвоил од покраината Јужен Пјонган во 1946. Управуван е како директно управуван град (Чикалси), на исто ниво како и покраинските управни органи, а не специјален град (Теукбјеолси) како Сеул во Јужна Кореја.
Историја
Според една легенда, градот е основан во 2334 п.н.е. под името Вангомсонг (왕검성; 王儉城). Станал важен центар за времето на Кочосон.
Во 108 п.н.е. за време на династијата Хан, Кина го освоила Кочосон и главниот град на командантурата Леланг бил поставен близу Пјонгјанг. Леланг продолжил да биде важен стопански и културен упориште, сѐ додека не бил уништен во експанзијата на Когурјо во 313.
Когурјо тука ја преселиле престолнината во 427. За време на династијата Танг, Кина и Сила и го победиле Когурјо во 668. Во 676 Сила го зазема градот, но го остава на границата помеѓу Сила и Балхае сѐ до династијата Корјо, кога градот заживеал повторно како Согјонг (서경; 西京; „Западна престолнина“) иако никогаш всушност не била пресолнина на Корјо. Градот бил главен град на покраината Пјонган за време на диастијата Чосон, па главен град покраината Јужен Пјонган од 1896 и сѐ до потпаѓањето под јапонска власт.
Во 1945 ѝ доаѓа крај на јапонската власт и местото го окупираат советски сили, и станува привремен главен град на Демократска Народна Република Кореја, додека државата сакала да го присвои Сеул како дотогашен главен град. Во Корејската војна градот бил тешко оштетен, кога за кратко бил окупиран од јужнокорејската војска. по војната градот набргу се преградил со советска помош, со тоа што многу згради се изградени во стилот на сталинистичката архитектура.
Административна поделба Пјонгјанг се дели на 19 кујоци и 4 окрузи кунови. Исто така и Административна поделба на Северна Кореја
Чунг-кујок (; ) Пјонгчонг-кујок (; ) Потонганг-кујок (; ) Моранбонг-кујок (; ) Сосонг-кујок (; ) Сонгјо-кујок (; ) Тонгдаевон-кујок (; ) Таедонганг-кујок (; ) Садонг-кујок (; ) Таесонг-кујок (; ) Мангјонгдае-кујок (; ) Хјонглесан-кујок (; ) Рјонгсонг-кујок (; ) Самсок-кујок (; ) Сунгхо-кујок (; ) Рјокпо-кујок (; ) Ракранг-кујок (; ) Сунан-кујок (; ) Унчонг-кујок (; ) Кангнам-гун (; ) Чунгва-гун (; ) Сангвон-кун (; ) Кангдонг-кун (; )
Знаменитости
Градот е сосема преграден по Корејската војна (1950–1953). Направен е со широки булевари, импозантни споменици и монолитски згради. Највисока градба во градот е ендовршениот хотел Рјугјонг (330 м). Хотелот има 105 спрата, и во него се содржат 360,000 м2 подна површина, и според планот на врвот требало да има седум вртливи ресторани. Од раните 1990-ти изградбата е сопрена и зградата стои како празна школка.
Значајни знаменитости во градот се Славолак (поголема реплика на Триумфалната арка) во Париз, родното место на Ким Ил-сунг на ридот Мангјонгдае, кулата на идејата џуче, и два од најголемите стадиони во светот (Стадион Ким ил Сунг и Првомајскиот стадион Рунгнадо). Пјонгјаншка ТВ кула е помала знаменитост. Друга туристичка атракција е зоолошката градина.
Сообраќај
166KB|thumb|right|Пјонгјаншкото метро Пјонгјанг има дволиниско подземно метро со должина од 22.5 км. Има и 53 км трамвај и 150 км тролејбуска служба. Во градот нема толку приватни автомобили како во други земји, иако владата има голема флота од Мерцедес лимузини за партиските бирократи. Многу жители пеашчат, веозат велосипед или се возат во метрото.
Државната команија Ер Корјо лета до Пекинг, Шенјанг и Владивосток. Понекогаш има чартер летови до Макао, Инчеон, Јангјанг и неколку јапонски градови. Ер Корјо лета и на домашни линии, но ова не потврдено. Наизменично до Пјонгјанг летаат неколку странски компании, кои се главно кинески.
Градот има редовни железнички врски со Пекинг и Москва. До пекинг се стигнува за 25 часа и 25 минути (K27 од Пекинг / K28 од Пјонгјанг, понеделници, среди, четвртоци и недели); до Москва се стигнува за 6 дена.
Збратимени градови 20pxКатманду, Непал
Луѓе од Пјонгјанг Ан Ик-таи, композитор Хванг Чанг-јоп, политичар Ким Ил-сунг, политичар Џорџ М. МекКун, лингвист Пак Ду-ик, поранешен фудбалер
Белешки
Поврзано Список на градови во Северна Кореја
Надворешни врски
Одмор во Пјонгјанг Слики од Пјонгјанг Travel-Images.com - DPRK - слики од Пјонгјанг Пјонгјаншки дневни вести Хотел Рјугјонг - највисоката зграда во Пјонгјанг слики од Пјонгјанг Слики од Пјонгјанг
Пјонгјанг * Категорија:Градови во Северна Кореја Категорија:Специјални административни единици во Северна Кореја