1608 Англискиот истражувач Џон Смит е избран за претседател на советот од Џејмстаун, Вирџинија. 1823 Симон Боливар е избран за претседател на Перу. 1939 Британскиот доминион Канада и објави војна на нацистичка Германија со што пресметката во Европа доби карактер на светска војна. 1943 Албанската партизански одред „Хаџи Љеш“ и Малесиската партизанска чета на народноослободителната војска на Југославија ја разоружале италијанската дивизија „Фиренца“ во Дебар и го ослободиле градот. Запленети се поголемо количество оружје и една радиостаница. 1944 Во ослободениот Париз, генерал Шарл де Гол, водач на армијата слободни Французи и на дегоистичкото движење ја создава првата влада на новата Четврта Република. 1963 20 афроамерикански студенти влегуваат во јавните училиштачет во Алабама. 1991 Регистирано е политичкото здружение Македонски совет за европско движење со седиште во Скопје. 1993 Израелскиот премиер Јицак Рабин во Ерусалим го потпиша официјалното израелско признавање на Палестинската ослободителна организација (ПЛО). 1994 Во селото Арачиново, Скопско е осветен камен-темелникот на новата црква „Св. Маченик Талалеј“.
10 септември