Лас Вегас е американска драмска серија за тим луѓе кои работат во фиктивното казино Монтесито во Лас Вегас. Тие се справуваат со проблеми во работната средина, како што е сигурноста во казиното. Премиерата на Лас Вегас беше на 22 септември 2003 на NBC‏‎. Се емитува во повеќе од 70 земји, а во Македонија се прикажувала на „Сител“.

Заднина Центар на серијата е Ед Дилејн (Џејмс Кан), строг поранешен ЦИА агент кој прво бил главен во одделот за сигурност на казиното, а станал главен директор на Монтесито. Друг главен лик е поранешниот маринец Дени Мекој (Џош Духамел), кој се смета за десна рака на Ед Дилејн. Тој е главен во одделот за сигурност и негова задача е да истражи сомнителни лица кои влегле во казиното. Други ликови кои работат со Дилејн и Мекој се Мери Конел(Ники Кокс), пријателка од детството на Дени и поранешна свршеница; Сем Маркез (Ванеса Марсил) манипулативна стопанственичка која се смета за најдобра водителка во казиното; ќерката на Ед, Делинда Дилејн (Моли Симс) е менаџерка на ресторанот на Монтесито, Мистик.

Информации за сезоните Лас Вегас има четири комплетни сезони, од кои три веќе ги има и на ДВД. Обновена е и за петта сезона која ќе почне во септември 2007, но во неа нема повеќе да бидат Џејмс Кан и Ники Кокс. На местото на Џејмс Кан, влегува Том Селек.

Надворешни врски Лас Вегас на NBC

Категорија:Телевизиски серии со почеток во 2003 година