thumb|right|200п|Шандор Петефи
Шандор Петефи () (, Кишкереш – , Шегешвар) — унгарски поет и еден од водачите на Унгарската револуција од 1848 година.
Рана младост Шандор Петефи е роден на 1 јануари 1823 година, во Кишкереш. Според неговиот извод, напишан на латински, родното име на Петефи било Александар Петровиќ.Ivan Ivanji, „Pogovor“, во: Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 85-89. Првиот јазик на татко му бил унгарскиот (иако, според многу извори, тој имал српско потекло, а роденото име му било Стеван Петровиќ,Б92 - На денешен ден а според други извори, имал словачко потекло и унгарско име.Унгарски извор за ПетефиОпширен текст за Шандор Петефи на унгарски Мајка му се викала Марија Хрушчова (унгарски: Hrúz Mária) и таа зборувала само словачки. Сепак, Петефи во текот на целиот живот бил самосвесен за своето унгарско потекло, поради што и станал духовен водач на револуционерите (кои се залагале за целосно осамостојување од влијанието на Хабсбуршката монархија и конечно ослободување на Унгарија). За тоа зборува фактот што Петефи е автор на најбунтовните стихови посветени на оваа средноевропска земја, почнувајќи од оние напишани во „Национална песна“ (Nemzeti dal):
На Богот на Унгарците \ Се колнеме, \ Се колнеме дека робови\ Нема да бидеме веќе! - (буквален превод).
Семејството краток период живеело во Шабаджалаш, каде татко му поседувал месарница, а по две години се преселило во Кишкуншаг, град што Петефи го сметал за неговото вистинско родно место. Татко му се обидувал на својот син да му даде образование какво што заслужувал, но кога Шандор наполнил шеснаесет години, татко му ги изгубил сите пари по едно излевање на Дунав во 1838 година, како и по банкротирањето на нивните роднини. Притоа, поради слабите оцени по унгарски јазик и по историја, Шандор ја загубил стипендијата и бил приморан да ја напушти гимназијата во Банска Штиавница. Потоа, тој работел како патувачки глумец, како вратар и статист во Народниот театар во Будимпешта и како учител во Остфјазонфја. На седумнаесет години се пријавил во армијата, но поради нежното здравје заболел, по што го отпуштиле како неспособен за воена служба. Потоа, повторно се обидел да ја заврши гимназијата, но никогаш не успеал да матурира.
По овој немирен период исполнет со патувања, Петефи започнал да го посетува факултетот во Папа, каде за првпат се запознал со Мор Јокај. Сепак, во овој период, Петефи бил позаинтересиран за театарот. Во 1842 година се приклучил на една патувачка глумечка група, но подоцна ја напуштил. Патем, се обидувал финансиски да се издржува пишувајќи за еден весник, но тоа не било доволно. Прегладнет и болен, зимата 1844 година, Петефи ја поминал кај благајничката на театарот во Дебрецен, каде неговите пријатели повторно го вратиле на нозе. Во 1844 година, Петефи се преселил во Будимпешта, каде работел како помошник-уредник на „Модното списание“.
thumb|left|300px|Името на Петефи во окружниот записник (се чува во Музејот посветен на Петефи во неговиот роден град Кишкереш)
Во 1846 година, Петефи се запознал со осумнаесетгодишната Јулија Шендреј во Трансилванија и со неа се венчал веќе следната година, против волјата на нејзиниот татко (богат и крајно конзервативен управник на имот), по што тие го поминале својот меден месец во замокот на грофот Шандор Телеки, единствениот аристократ меѓу пријателите на Петефи. На 15 декември 1848 година, Јулија му го родила синот Золтан, а единаесет месеци по смртта на Петефи таа се омажила за универзитетскиот професор Арпад Хорват и не само што се откажала од презимето на Петефи, туку не се грижела ниту за нивниот син.
Унгарската револуција од 1848 година thumb|right|Шандор Петефи во 1844 година
На 14 март 1848 година, во кафеаната „Пилвакс“ во Будимпешта бил закажан состанок на револуционерната младина (наречени Márciusi Ifjak, „Мартовски младинци“), која уредно поднесла барање за демонстрации закажани за 17 март, но власта го одбила барањето. Повеќето до насобраните сакале да се покорат на волјата на власта, но Петефи, кој штотуку стигнал од пат, пред сите ја прочитал својата „Народна песна“ и побарал демонстрациите да се одржат веднаш, уште утредента, пред власта да може да преземе мерки за нивното спречување. Со својот говор, тој ги придобил присутните на својата страна и на 15 март, со неколку истомисленици отишол на техничкиот факултет, каде одржал говор и ја рецитирал „Народната песна“. Тоа го повторил неколкупати и веќе собрал неколку илјади студенти и младинци, по што повторно одржал говор на скалите на Народниот музеј. Гледајќи дека полицијата не се меша, тој влегол во печатницата и побарал „Народната песна“ да се отпечати како леток. Управникот на печатницата побарал дозвола од цензурата, а на тоа Петефи одговорил: „Во име на народот ја запленувам печатницата и прогласувам слобода на печатот!Печатари, печатете!“ Работниците го послушале и, водејќи голема поворка, Петефи отишол во тврдината, каде од управникот ги побарал клучевите за да ги ослободи политичките затвореници, на чело со поетот Михај Танчич. Командантот го примил на преговори и ги послушал неговите барања, а по тој повод, Петефи во својот дневник запишал: „На господата им се тресеа забите.“ Исто така, Петефи бил соавтор на 12 точки (барањата упатени до хабсбуршкиот гувернер-генерал). Кога толпата се обединила пред царското владино советништво, претставниците на австрискиот владетел Фердинанд немале друг избор освен да ги потпишат точките.
Иако во тој миг изгледало дека Петефи извојувал целосна победа, унгарските политичари немале разбирање за неговите радикални ставови. Дури и Лајош Кошут, водачот на унгарската револуција, немал слух за барањата на Петефи, особено за решавањето на националното прашање. Благородниците и граѓаните на Будимпешта ја прифатиле новата положба на Унгарија во однос на Австрија, но не биле подготвени за социјални промени, ниту пак сакале да им дадат отстапки на Словаците, Србите, Хрватите и другите народи кои живееле во состав на Унгарија. Така, популарноста на Петефи започнала да бледнее, а револуцијата се преселила меѓу високите политички кругови: благородниците. Оние во собранието на благородниците во Братислава) истовремено се обиделе да издејствуваат бавни реформи и испратиле свои барања до императорот. Петефи не се согласил со нив и го критикувал начинот на којшто, според него, тие го предаваат бунтот. Неговиот колега, Танчич уште еднаш бил затворен од новата влада, а на изборите, Петефи се кандидирал во својот роден град, но не успеал да добие место во парламентот.
Штом Австрија започнала да подготвува воени операции против Унгарија, Петефи веднаш побарал да стапи во армијата при што добил чин капетан, а потоа станал и мајор. Петефи бил разочаран од односот на револуционерите, сметал дека владата на Кошут прави преголеми отстапки и дошол во судир со воените заповедници. Сепак, меѓу водачите на револуцијата, Петефи нашол и истомисленик, Полјакот Јозеф Бем и станал дел од дел од т.н. Трансилванската армија. Поради кавга со министерот за одбрана Месарош и со генералот Клапка, Петефи се откажал од офицерскиот чин, но во граѓанска облека продолжил да служи во војската предводена од Бем. Токму Бем се обидел да го отстрани од бојното поле кај Шегешвар, каде руската војска ѝ дошла на помош на австриската армија, но Петефи го одбил тоа и, на 31 јули, без оружје ја набљудувал битката од првите редови. Потоа, ништо повеќе не се слушнало за него, а најверојатно бил убиен од руските војници. Воден од љубовта кон него, народот уште неколку децении подоцна плетел легенди дека Петефи е жив.
Мислењето дека Петефи загинува во битката се заснова врз записите на еден руски доктор во неговиот дневник. Тој забележал еден чуден труп со фатална стомачна рана предизвикана од копје кој го имал карактеристичното жолтеникаво лице на Петефи и неговата специфична облека; Петефи имал навика да носи обично цивилно палто и униформни пантолони. Неодамна, еден унгарски Романец успеал да пронајде фрагменти од камен орел кој локалните Унгарци го уништиле во 1855 година, а кој бил сместен на местото на масовната гробница кајшто најверојатно бил закопан Петефи. Некои Унгарци, особено Ференц Морвај, веруваат дека Петефи бил заробен и пренесен во Русија, каде неколку години подоцна умрел од природна смрт. За еден скелет откриен во регионот Баргузин во Сибир, отпрво се верувало дека бил негов, но подоцна се докажало дека припаѓа на жена. Била пронајдена и збирка песни, но сепак, нивниот уметнички квалитет е неспоредлив со оној што би требало да го поседува пост-шегешварскиот Петефи.
Денес, речиси во секое село во Унгарија има по еден пат кој го носи неговото име, кое им е дадено и на низа улици во Трансилванија, како и на националната унгарска радио-станица и еден од мостовите во Будимпешта.
Поезија Петефи ја започнал својата кариера како поет на „популарни песни“: во 1842 година ја објавил неговата песна A borozó („Крчма“) за првпат била објавена во списанието Атенаум и тоа под името Шандор Петрович, а на 3 ноември истата година повторно ја објавил песната, овој пат, за првпат, потпишувајќи се како Петефи. Во неа се зборува за еден пијаница кој ја велича моќта на виното, зашто тоа му помага да ги заборави сите неволји. Овој вид на псевдо-народни песни воопшто не бил необичен во текот на 1840-тите, но Петефи набрзо развил свеж и оригинален стил кој направил тој многу да се истакнува над останатите поети од неговата генерација. Петефи има напишано низа песни поврзани со виното, љубовта, романтичарските крадци итн. Многу од овие негови рани песни станале класици, како на пример љубовната песна A virágnak megtiltani nem lehet („Не можеш да му забраниш на цветот“, 1843) или Befordultam a konyhára („Застанав на прагот од кујната“, 1843),Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 9. која ја користи древната метафора за љубовта и огнот на мелодичен и провокативен начин.
Во првиот период од неговото творештво доминираат песните посветени на девојките („Одам низ селото, по улицата...“,Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 13. „Пркосна девојка“,Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 34. „Твоите очи“,Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 35. „Облак и ѕвезда“,Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 31. „Руса жена, руса жена“,Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 37-39. „На воловската кола“),Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 40-41. на мајка му („Растопен план“, „Кокошката на мојата мајка“),Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 10-11. на родниот крај итн. Сепак, уште тогаш, во некои песни, Петефи ги критикува малограѓанските навики. На пример, во песната „Ние, среќните пештанци“,Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 19-20. тој го критикува хедонистичкиот живот на жителите на Пешта, велејќи: „ние го бараме тоа што е мода, ние големоварошаните“, додека во песната „Унгарскиот благородник“, тој дава остра критика на паразитизмот и себичноста на благородниците. Така, во оваа песна, тој ги опишува со следниве стихови: „Неработа - тоа е сласта на животот! Јас не работам, тоа е убавина...“... „Ги мразам книгите и научниците, не ги почитувам тие - просјаци“... „Но, за едно имам волја, пијам, јадам - нема никој подобар!“... „Како е народот, татковината? Ама, тоа е нивна грижа.“Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 21-22