Луди седумдесетти () — американска комедија за една група тинејџери кои живеат во Поинт Плејс, Висконсин, од 17 мај 1976 до 31 декември 1979. Премиерата беше на 23 август 1998, а последната епизода на 18 мај 2006. Оваа серија успешно ја започна кариерата на младите ѕвезди кои глумат во неа, кои пред тоа биле непознати. Кај нас, серијата се емитува на телевизија Сител.

За серијата

Луди седумдесетти е измислена од творците на Третиот камен од сонцето, Бони и Тери Турнер, и писателот Марк Бразил. На почеток било планирано да се вика Teenage Wasteland.

Серијата е оригинално емитувана на телевизијата FOX. Поради добрата гледаност на првата сезона, во февруари 1999, FOX нарача и втора, а до септември веќе ја беше обновил и за уште две нови сезони. И покрај повеќето променети термини во текот на своето прикажување, серијата го одржа својот успех за уште четири сезони.

Осмата сезона е последна сезона на серијата. Последната епизода е снимена на 17 февруари 2006, и е наречена „Крајот на седумдесеттите“.

Ликови

Сместена во Поинт Плејс, Висконсин, Луди седумдесетти ги следи животите на тинејџерите Ерик Формен (Топер Грејс) и неговите пет пријатели: Дона Пинчиоти (Лора Припон), неговата девојка и соседка, Стивен Хајд (Дени Мастерсон) бунтовник кој е посвоен од стана на Форменови и живее во нивниот подрум; Мајкл Келсо (Ештон Кучер) е тој кој мисли дека е најубавиот во целиот универзум, всушност тој е и најглупавиот; Џеки Буркхарт (Мила Кунис) е обседната со нејзината коса и се грижи само за себе; и Фез (Вилмер Валдерама). Вистинското име на Фез е тешко за изговор, па неговите пријатели го викаат Фез (Foreign Exchange Student (Странски студент на размена)).

Во оваа група се појавуваат многу врски. Главната е онаа на Ерик и Дона, кои се најодговорните во групата, а нивен контраст се Келсо и Џеки, кои често се – не се заедно, а се опседнати еден со друг.

Други ликови се Ред Формен (Куртвуд Смит), таткото на Ерик, Кити (Дебра Џо Руп) мајка му, и Лори Формен (Лиса Робин Кели, 1998-2003 и Кристина Мур, 2003-2004) постарата сестра на Ерик. Исто така присутна е и врската меѓу Миџ и Боб Пинчиоти (Тања Робертс и Дон Старк), родителите на Дона. Редовно се појавува и Томи Чонг во улога на Лео, кој е хипи, и поседува фото студио.

Глумец/Глумица Име на ликот Години во кои редовно се појавува Број на епизоди Топер Грејс Ерик Формен 1998–2005 181 епизода Лора Припон Дона Пинчиоти 1998–2006 200 епизоди Дени Мастерсон Стивен Хајд 1998–2006 200 епизоди Ештон Кучер Мајкл Келсо 1998–20051 184 епизоди Мила Кунис Џеки Буркхарт 1998–2006 200 епизоди Вилмер Валдерама Фез 1998–2006 200 епизоди Куртвуд Смит Ред Формен 1998–2006 200 епизоди Дебра Џо Руп Кити Формен 1998–2006 200 епизоди Дон Старк Боб Пинчиоти 1998–2006 178 епизоди Тања Робертс Миџ Пинчиоти 1998–20012 62 епизоди Лиса Робин Кели Лори Формен 1999–20013 46 епизоди Томи Чонг Лео Клингвејк 2001–2002, 2005–20064 50 епизоди Кристина Мур Лори Формен 2003-20045 6 епизоди Џош Мејерс Ренди Пирсон 2005–2006 22 епизоди

1. Беше присутен како гостин во осмата сезона (2005-2006).

2. Беше присутна како гостин во шестата сезона (2003-2004).

3. Беше присутна како гостин во првата и петтата сезона.

4. Беше присутен како гостин во првата и третата сезона.

5. Ја заменува Лиса Робин Кели како Лори Формен.

Насловна тема

Шоуто започнува со песната "In The Street", а исто така е позната како "That '70s Song". Песната е од Алекс Чилтон и Крис Бел од групата Big Star. Во првата сезона песната ја пее Тод Грифин, но во втората сезона ја изведува групата Чип Трик.

Според Официјалното мрежно место на Луди 70-ти Дени Мастерсон (Стивен Хајд) вика "Hello Wisconsin!" во првата сезона, а Рик Нилсен (гитарист на групата Чип Трик) во сите останати сезони.

Текст: Hanging out. Down the street.The same old thing, we did last week!Not a thing to do, but talk to you!We're all alright! We're all alright!Hello Wisconsin!!

Надворешни врски Официјално мрежно место

Гледајте цели епизоди од Лудите 70-ти - Ги има сите епизоди, уживајте The That '70s Show Wiki – познато како Groovypedia Список на епизоди

Категорија:Телевизиски серии со почеток во 1998 година