Армија Крајова (на , слободен превод: Домашна Армија) — воена организација и доминантно полско движење при отпорот во Полска за време на окупацијата на земјата од страна на Нацистичка Германија и Советскиот Сојуз во Втората светска војна. Таа била формирана во февруари 1942 година. Во текот на следните две години, таа ги апсорбирала повеќето други полски подземни сили. Таа ја поддржувала полската влада во егзил и претставувала вооружено крило на Полската Подземна Држава.
Проценките за силата на Армија Крајова во 1944 година се движат од 200.000 до 600.000, но најчесто цитирана бројка е 400.000. Според тој податок, оваа армија била една од трите најголеми во Европа за време на Втората светска војна. Армија Крајова била распуштена на 19 јануари 1945 година, откако советската Црвена Армија ја окупирала земјата.
Најпознатата операција на Армија Крајова било Варшавското востание во 1944 година. Партизаните, исто така, ги бранеле полските цивили од злосторствата извршени од страна на други воени формации.
Бидејќи Армија Крајова била лојална на полската влада во егзил, Советскиот Сојуз ја сметала за пречка при проширувањето на сталинизмот во Полска. Како последица на тоа, во текот на војната, отпорот на Армија Крајова бил насочен и кон советските сили.
Воени операции Операција Појас Операција Бура Вилненско востание Лвовско востание Варшавско востание
Надворешни врски
Armia Krajowa Museum in Krakow Polish resistance – AK – Site edited by the London Branch of the Polish Home Army Ex-Servicemen Association Warsaw Uprising Museum Archiwum Pomorskie Armii Krajowej Armia Krajowa, whatfor infoportal Armia Krajowa, information from the pages of Primary School 11 "of Armia Krajowa soldiers" in Nowy Targ The Home Army After July 1944 Polish Underground Soldiers 1944–1963 – The Untold Story
Категорија:Полска Подземна Држава Категорија:Герилски организации Категорија:Движења на отпорот во Полска во Втората светска војна Категорија:Воени единици и формации на Полска во Втората светска војна