Националсоцијалистичка германска работничка партија или НСДАП (германски: , често нарекувана Нацистичка партија) — крајнодесничарска политичка партија во Германија помеѓу 1920 и 1945 година.

Водачот на партијата, Адолф Хитлер, бил назначен за канцелар на Германија од претседателот Паул фон Хинденбург во 1933. По смртта на Хинденбург, Хитлер набрзина воспоставил тоталитаристички режим познат како Третиот рајх, под којшто партијата се здобила со речиси неограничена моќ.

Нацистичката идеологија ја истакнува расната чистота на германскиот народ и ги гонела оние што ги сметала или за непријатели или за „живот невреден за живот“ (Lebensunwertes Leben) (вклучувајќи ги Евреите, Циганите, Словените и хомосексуалците, покрај Јеховините сведоци, умствено и телесно заостанатите, социјалистите и комунистите). Практикувањето на овие верувања донела директно до смртта на приближно 11 милиони луѓе преку организиран систем за масовни убиства, настан денеска познат како Холокаустот. Понатаму, Нацистичкиот концепт на Простор за живеење (Lebensraum) и потрагата по создавањето на Голема Германија, биле едни од главните причини за Втората светска војна, во којашто загинале повеќе од 60 милиони луѓе.

Зачеток: 1918-1920

Нацистичката партија се создала со соединувањето на помали политички групи со националистичко определување што се формирале во последните години од Првата светска војна. Во првите месеци од 1918, партија наречена Слободен Комитет за мир на германските работници (Freier Ausschuss für einen deutschen Arbeiterfrieden) се создала во Бремен, Германија. Антон Дрекслер, огромен германски националист, основал гранка од оваа лига на 7 март 1918, во Минхен. Дрекслер бил член на воената Татковинска партија за време на Првата светска војна и бил огорчен од склучениот мир во ноември 1918 и од револтот што се кренал по склучувањето на мирот. Во 1919, Дрекслер, заедно со Готфрид Федер, Дитрих Екарт и Карл Харер, ја основал Германската работничка партија (Deutsche Arbeiterpartei, DAP, ДАП). Оваа партија била претходникот на Нацистичката партија и станала една од многуте народни движења во Германија во тоа време.

Народните движења биле збирка од политички групи настанати по поразот на Германија во Првата светска војна, коишто верувале дека единствената причина за поразот бил распадот на домашниот фронт и неволието на многу Германци да ја поддржат војната. Ова е познато како „Митот за убод во грб“ (Dolchstosslegende) и било многу важен фактор за издигнувањето на Нацистичката партија. Овој мит бил грешен: поразот во ноември 1918 произлегол од предлозите на конзервативните генерали Хинденбург и Лудендорф, кои увиделе дека германската армија не можела да продолжи да се бори.

Како и другите народни групи, Германската работничка партија сметала дека Германија треба да стане единствена „народна заедница“ (Volksgemeinschaft), наместо општество поделено на класи и партии. Оваа идеологија била антисемитистичка уште од почетокот - „националната заедница“ би била „без Евреи“ (judenfrei). Германската работничка партија била остро насочена против Социјалдемократската партија на Германија и особено против новосоздадената Комунистичка партија на Германија. Членовите на работничката партија се гледале себеси како борци против „Болшевизмот“, иако и тие се претставувале како партија на работничката класа.

Иако официјално била наречена политичка партија, Работничката партија била мала група со помалку од 60 членови. Без сомнение, го привлекувала вниманието на германските власти, коишто се сомневале во секоја организација што изгледала како револуционерна. Младиот десетар, Адолф Хитлер, бил пратен од германската разузнавачка служба да ја истражи Германската работничка партија. Додека присуствувал на еден партиски собир, Хитлер се вклучил во жестока политичка расправија и оставил впечаток меѓу другите членови на партијата со неговата говорничка вештина. Му било понудено да се зачлени во партијата, и по некое размислување, прифатил. Меѓу раните членови на партијата биле и Рудолф Хес, Ханс Франк и Алфред Розенберг, истакнати луѓе во нацистичкиот режим.

Рани години: 1920-1925

Хитлер станал 55. член на партијата многу подоцна од другите што биле регистрирани, но подоцна тврдел дека бил седми член (впрочем, тој бил седмиот извршен член на централниот комитет на партијата). Во следните месеци, партијата продолжила да привлекува нови членови, бидејќи била премногу мала за да има некакво вистинско значење во германската политика. На 24 февруари 1920, партијата во името додала „Националсоцијалистичка“, со што станала Национал-социјалистичка германска работничка партија (НСДАП). Хитлер претходно предложил партијата да се вика „Социјал-револуционерна партија“, но Рудолф Јунг го убедил Хитлер дека НСДАП е многу посоодветно име.Хајден (1933), стр. 821 Една од предностите на новото име било што предизвикувало родољубие и ги привлекувала гласачите од работничката класа без да бидат приморани да се посветат на каква било посебна политика (националсоцијализмот бил и останува прилично незгоден поим).

Хитлер наскоро открил дека има голем говорнички талент, и неговата способност да привлекува нови членови, комбинирани со неговата карактеристична суровост, набрзо го направиле доминантна фигура во малата партија. Дрекслер го увидел ова и Хитлер станал претседател на партијата на 28 јули 1921. Кога партијата првпат била основана, се состоела од раководство избирано од членовите и по редослед, претседатели. Хитлер набрзо ја променил ваквата организација. Се здобил со името Фирер (Führer, водач) и по серија остри внатрешни препреки, било прифатено дека партијата треба да се води по Фирерпринципот (Führerprinzip): Хитлер бил единствениот водач на партијата и самиот одлучувал за нејзината политика и стратегија. Хитлер во ова време ја гледал партијата како револуционерна организација, чијашто цел била да ја симне од власт Вајмарската Република, којашто тој ја гледал како контролирана од социјалистите, Евреите и „Ноемвриските престапници“ кои ги предале германските војници во 1918. СА (Sturmabteilung, во превод: јуришни војници) биле основани како партиски активисти во 1921 и започнале насилни напади врз други партии.

За разлика од некои други членови на партијата, Хитлер не бил многу заинтересиран за социјалистичкиот поглед на националсоцијализмот. Тој, како припадник на среднониската класа од провинција, не ги сакал работнички маси од големите градови и немал грижа на совест од нападите врз приватната сопственост или бизнис-класата (којашто некои рани нацисти ја симпатизирале). За Хитлер, двете најважни цели на партијата биле секогаш германското националистичко ширење и антисемитизмот. Овие две цели биле поврзани со верувањето дека надворешните непријатели на Германија - Британија, Франција и Советскиот Сојуз, биле контролирани од Евреите, и дека идните војни за германското национално ширење задолжително би биле придружувани и од војна против Евреите. Иако партиската програма од 1925 година предвидувала некои попуштања на социјалистичкиот елемент, ова никогаш не било главно во партиската политика. За Хитлер и неговите првични поручници, националните и расните проблеми биле секогаш најважни. Ова било симболизирано со донесувањето на новиот партиски амблем, свастиката, обележје (Hakenkreuz, кукест крст) од индиско потекло, наводно симбол на Ариевската раса.

Во 1921 и 1922, Нацистичката партија значајно растела, делумно преку говорничката способност на Хитлер, делумно преку привлекувањето на млади невработени мажи од страна на СА и делумно затоа што имало општа омраза против социјалистичката и либералната политика во Баварија, како последица од продлабочувањето на економските проблеми на Германија и слабоста на владејачкиот режим. Партијата регрутирала бивши војници од Првата светска војна, кои биле силно привлечени од Хитлер, како одликуван ветеран од војната, мали стопанственици и незадоволни бивши членови на соперничките партии. Хитлеровата младина била формирана за децата на членовите на партијата, иако останала мала дури до доцните дваесетти. Партијата исто така формирала групи и во други делови од Германија. Јулиус Штрајхер во Нирнберг бил ран регрут, а други кои се приклучиле на партијата во овој период биле поранешниот офицер Ернст Рем, кој станал глава на СА, искусниот воен пилот Херман Геринг и Хајнрих Химлер. Во декември 1920, партијата почнала да печати свој весник, именуван „Фелкишер беобахтер“.Вообичаено се преведува „Народен надгледувач“, но исто така и „Расен надгледувач“ би бил соодветен превод. Нацистите не го употребувале изразот „народ“ во истата смисла како социјалистите, со значење „работничка класа“, туку за германската „народна заедница“, израз којшто, пак, имал расно значење.

Во 1922, партија со слична политика и цели дошла на моќ во Италија, Национал-фашистичката партија под водството на харизматичниот Бенито Мусолини. Италијанските фашисти го користеле римскиот поздрав со крената исправена десна рака и носеле црни униформи. Хитлер, инспириран од Мусолини и фашистите, го земал римскиот поздрав со исправена рака за нацистички поздрав. Кога фашистите дошле на моќ во 1922 во Италија преку државниот удар наречен „Марш на Рим“, Хитлер почнал да го планира својот државен удар, којшто го извел една година подоцна, иако неуспешен.

Во јануари 1923, Франција го окупирала индустрискиот предел Рур како резултат на неисполнувањето на отштетата од страна на Германија. Ова довело до економски хаос, оставка на владата и обид на Комунистичката партија да спроведе револуција. Реакцијата на овие случувања бил силен националистички бес. Нацистичката партија остро нараснала до околу 20 000 членовиКершоу (2001), стр. 179. До ноември, Хитлер одлучил дека е дојдено времето за обид за преземање на моќта во Минхен, со надеж дека повоената германска армија ќе застане против берлинската влада и ќе се приклучи на револтот. На оваа одлука влијаел бившиот генерал Ерих Лудендорф, кој станал поддржувач, но не и член на Нацистичката партија.

лево|мини|350п|Водачите на државниот удар од 1923 во Германија, пред судење (од лево кон десно): Хајнц Пернет, Фридрих Вебер, Вихлелм Фрик, Херман Крибел, Ерих Лудендорф, Адолф Хитлер, Вилхелм Брикнер, Ернст Рем, Роберт Хајнрих Вагнер

Ноќта, на 8 ноември, нацистите искористиле еден патриотски собир во Минхенската сала во обидот за државен удар. Ударот пропаднал речиси уште веднаш, кога месните армиски команданти одбиле да го поддржат. Утрото на 9 ноември, нацистите организирале марш со околу 2 000 поддржувачи низ Минхен во обид да соберат поддршка. Војниците отвориле оган и 16 нацисти биле убиени. Хес, Лудендорф и неколку други биле уапсени и судени за предавство во март 1924. Хитлер и неговите соработници добиле многу мали затворски казни. Додека Хитлер бил во затвор, го напишал својот полуавтобиографски политички манифест „Мојата борба“ (Mein Kampf)Хитлер (1927). Во меѓувреме, нацистичката партија без неговото водство практично престанала да постои, за чиешто спречување Хитлер не направил никаков напор.

Издигнување до моќта: 1925-1933

Хитлер бил пуштен на слобода во декември 1924. Во следната година делотворно ја реорганизирал Нацистичката партија, со него на чело. Новата Нацистичка партија повеќе не била паравоена организација и одбивала каква било намера за добивање моќ преку сила. Во секој случај, економско-политичката ситуација се стабилизирала и екстремистичкиот револт од 1923 бил заборавен, така што немало изгледи за понатамошни револуционерни авантури. Нацистичката партија од 1925 била поделена на водство (Korps der politischen Leiter) и општо членство (Parteimitglieder). Партијата и СА дејствувале одвоено, а легалноста на партијата била истакната. Како знак на ова, партијата почнала да прима жени. СА и СС (основана во април 1925 како лична гарда на Хитлер, водена од Химлер) биле опишани како „поддржувачки групи“ и сите членови на овие групи морале прво да станат регуларни членови на партијата.